[Литература] Мила Анчевски – VI одд

Што ме движи, кога сè стои?

 

Застана светот пред година една

престана тој да се движи,

како на филм кога има сцена страшна

ми рече мајка ми: „Не гледај, мижи!“

 

И не гледам јас, ни бројки ни вести,

од глетката страшна тато ме штити,

но, ме боли силно, во срцево, ете,

што не ги гледам ни луѓето ближни.

 

Помина Божиќ, и Бајрам пројде…

не појдов на баклава кај Асан,

лектирите за седмо, морам јас сега

по пошта да и ги испратам на Јасна.

 

Но, ме греат силно секое утро,

лицата детски на часови електронски,

а потоа сум среќна што уште долго, долго,

со Лелја и Петар разговарам телефонски.

 

Ме храбри силно и погледот на мама,

ко да ми вели: „Не грижи се, се ќе биде во ред!“

кога сонце грее, кога виножито гледам,

среќна сум, штом добијам пет!

 

Уживам сега во природа, во шума,

на прошетка крај езеро, крај река,

со душа полна надеж и верба,

да биде сè по старо, едвај чекам!

 

Гледам јас светло, на крајот од тунелот,

зрак надеж, по очиве нежно ме гали,

ќе го придивижиме ние светот повторно, смело,

верувајте ни, не сме така мали!

 

 

+5