[Литература] Меланија Трпевска – VI одд.

Што ме движи кога се стои?

 

Срцето чука

тик , так

правдата дојде

на мојот праг.

 

Денес на час

научив јас

дека еднаков е секој

во светот и кај нас.

 

Рамноправност се дели

иако секој има

најразлични животни цели.

 

Но ме навреди ти,

другарче мое,

и тогаш застана се

иако непочитувањето е единствено твое.

 

Застана ли светот?

Се запрашав јас.

 

Но брзо разбрав и ти подадов рака

пријателски ја прифати и се извини со почит

и без никаква мака.

 

 

 

И кога застана се,

за еден миг

ме придвижи светот

кој има убав и разнобоен лик.

 

Ме движиш ти

другарче мое,

ме движи почита твоја,

ме движи

солидарноста и хуманоста моја.

 

 

 

 

+141