[Литература] Мартин Тунев – VIII одд.

Што ме движи кога се стои

 

Во ова чудно време – невреме,

Кога само да си жив е тешко бреме,

Кога не е останато ништо да се земе,

Време кога стравот посадува семе.

 

И се да застане, да се срушат светови,

Да олекнат планини, да пресушат цветови,

Јас пак ќе бидам во хармонија со себе,

Само затоа што пишувам за тебе.

 

А денес сакава да ти раскажам

За љубовта кон тебе.

Вечно која жеднее во мене

И ме прави бесмртен.

 

И ми се смачи овде кај нас

И зборовите се создаваат од мака.

Се протнуваат во игла, се расфрлаат низ вековите,

Кое страдно страда

Како македонското страдање.

А пуст копнеж, страдно не движи и кога стоиме.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

+11