[Литература] Марко Стојановиќ – VI одд.

ШТО МЕ ДВИЖИ КОГА СЀ СТОИ

 

 

Кога сѐ стои, кога ништо не се движи

кога ќе се замислам јас

Ме движи детството, Ме движи радоста

Не ме радува полнолетството, Најпосле дознав

да се радувам дека треба

Но, никогаш да не тагувам! Ме движи мислата

Со која пристигнувам каде што сакам

Со која ги остварувам соништата

Со своите детски мисли, Си мислам на се и сешто

На се мудро и вешто… Каде да одам… Што да правам

Кој автомобил да го возам

Ова чудо ме научи, поучи,

Да бидам благодарен

Да не се однесувам како главен

Но, најважно е… Да се радувам… Да се заблагодарувам

За тоа што го имам, бидејќи…

знам дека некој – нема…

Ова чудо ме научи, Она што го имам – да го ценам!

Да се надевам, истрпувам, радувам…. Научив

иако гладувам

Да ги ценам, Да ги почитувам,

блиските кои ме чуваат и сакаат

 

 

Моите родители,

Секогаш кои помош и љубов ми даваат

и секогаш сакаат среќен да ме гледаат

Како јас се смеам

Како весело пеам

Како интересни случки леам!

 

 

 

+62