[Литература] Викторија Марковска – VIII одд.
Што ме движи, кога се стои ?
Надеж
Што е тоа, што мене ме движи ?
Што ме оттргнува од секојдневните грижи ?
Надеж е тоа, што мене ме теши
И сите овие грижи може да ги реши.
Станувам во утрата исти ,
Сонцето свети, небото го бистри,
Во мисли веднаш почнувам да тонам,
Но стоп, си велам и веднаш негативното во мене го гонам.
Сега, веќе е пладне, и нажта и копнежот почнуваат да царуваат
Другарите, семејството, со љубов ме даруваат
Таа љубов е бескрајно чиста,
Ја прави мислата моја сјајна, бистра.
Се надевам дека болеста ќе заврши еднаш
И се ќе продолжи да течи веднаш
Сега сѐ ми е мило и свето
И нестрпливо чекам да дојди лето.
Научив многу работи и сега повеќе од секогаш сакам
Малите работи се трудам да ги вратам.
+98