[Литература] Вања Спасиќ – VIII одд.

Што ме движи кога сѐ стои

 

Мракот на оваа година

Брзо како сокол се шири

Оваа година лута

Знаевме дека нема да се смири.

 

Но нешто по глава ме погоди,

како да ми викнал сиот свет

Ме погоди како ѕвезда што паѓа

Ме погоди како птица во лет.

 

Ме погоди желба,

За правење нови нешта,

За цртање нови цртежи,

За читање нови книги,

За творење нови песни,

За да имам инспирација

И идеи лесни.

 

Во оваа мрачна година,

Со семејството се смеев,

Кога ќе ми станеше здодевно,

Нови знаења жнеев.

 

Во оваа година,

Само со љубов и творба се движиме,

Само со идеи свои,

Забава се крои.

 

 

 

+7