[Литература] Андреј Крстевски – IX одд
Што ме движи кога сѐ стои
Животот си тече застанување нема
Судбината свои планови крои и спрема
Па во најубавите години сѐ застана околу мене
Зарем младоста да ја оставам да вене.
И барам мотив во овие денови црни
Мислите изгубени и исплашени како срни
Има точка светла во овој длабок тунел
Не се предавам така лесно па облакам шинел..
Ја земам книгата ,таа ме придвижува
Од оваа статична состојба ме раздвижува
Ме носи на места нечујни за многумина неважни
Ми раскажува за судбини весели и тажни.
Па го споделувам сето тоа со мите истомисленици
Горд сум што прдизвикувам кај нив радосни крици
И така стануваме поблиски во ова далечно време
Ако не можаеме физички барем онлајн да се собереме!
,
+140