[Литература] Лела Пандиловска – V одд.

Што ме движи кога сè стои

 

Кога сè стои,

светот како да нема бои

се е нешто многу тажно

времето често тмурно и влажно.

 

Со маски на лице дури до очи

човечката ведрина во страв се преточи

секаде некој на брзина оди,

сосема сам без никој да води.

 

А во мене пролет, насмеана цветам

душата полна, ко да ќе летам

насмевки делам на моите мили

нешто во мене ми дава сили.

 

Сите сме добри живи и здрави,

баба ми утре роденден слави,

во домот мој среќата блика

сила ми дава ЉУБОВ се вика.

 

 

 

+290