[Литература] Јована Китановска – V одд.

Што ме движи кога се стои?

Ова е време на невреме.Време на една пандемија,на едно големо зло кое го погоди нашиот свет.Таа проклета болест однесе многу човекови животи.Сите се соочуваме со голем страв,страв кој преовладува и кај нас децата.Сето ова што се случува ни го смени начинот на живот ни го скрати шетањето,дружењето,училиштето,забавите… буквално се ни скрати.Од друга страна не научи дека треба да успориме, да не брзаме секаде да стигнеме или постигнеме се,туку да им посветиме повеке време на нашите блиски.

Се прашувам што ме движи кога се стои?Јас сум дете, јас сум темпераментна личност за мене времето минува.Секојдневно имам обврски со училиштето,си ги пишувам навреме домашните задачи, а слободното време го користам посветувајки му се на семејството и на мојте помали сестрички.Токму тоа е она што ме води напред љубова,играта,училиштето и семејствот.Ме води желбата и надежта дека ова еден ден ќе помине и сите ќе бидат среќни. За тоа да се случи мора да се обезбеди инклузивна социјална заштита на сите ранливи категории.Учениците со посебни потреби како и сиромашните лица,лицата со пречки во развојот сите тие категории треба да бидат вклучени во социјалниот живот.Да нема дискриминација,да нема поделба на лугето во однос на верска и етничка припадност, во однос на боја на кожа и раса.Да се почитуваме сите меѓу себе без разлика дали сме Македонци,Албанци,Турци,Срби или Роми.Живееме во едно општество во кое е најбитно да се зачува мирот и безбедноста.Треба да градиме општество во кое сите ќе бидеме еднакви.На тој начин ќе го продолжиме патот кон европските интеграции.Не треба многу пари за да бидеш среќен, во спротивно богатството го расипува достоинството на човекот. За да бидеме еднакви треба да си помагаме едни на други, на сиромашните и на оние кои гледаме дека им е потребна нашата помош.Постојат многу примери каде што не се ценат луѓето и нивниот труд.Луѓето кој се побогати се ценкаат по тезгите за да купат нешто поевтино притоа го потценуваат оној кој цело време работи за парче леб а,оние кој го сториле тоа се прават важни,го оставаат остатокот од парите во рестораните и слични вакви неубави постапки.Тоа е таа поделба што треба да се одстрани,треба сите да живееме достоинствено.Сите треба да имаме исти права и добар животен стандард.Треба да постои солидарност,да си подаруваме и да се толерираме.Сите да живееме во општеството каде ќе владее правдата и демократијата.Општество во кое ќе постои љубов и разбирање а ќе се одстрани одмаздата.

Би сакала во иднина да нема повеќе вируси и болести сето тоа да изчезне,да се слушаат детските гласови по улиците,да има мир во душите, луѓето повторно да си ги извршуваат своите секојдневни обврски здрави и живи.Најбитно е сега да останеме силни да преживееме и да го зачуваме нашето ментално здравје.Јас искрено мислам дека со труд,мака и трпение ќе го надминеме сето ова.

 

+118