[Литература] Христијан Петрушевски – II година
Што ме движи кога се стои?
Додека светот во место тапка или можеби стои,
јас за миг потонав во мислите свои.
Се прашувам дали е тоа лавиринтот на животот
или вртлогот на времето
без отчукување каде цивилизацијата
го бара историскиот опстанок на човештвото.
Не, тоа е само копнежот за нешто непознато ,
далечно,недостижно и искрено.
Кој ти ја разгалува и милува
напатената човечка душа
или можеби е симфонија
со мелозвучен и тивок трепетен звук
кој ти вдахнува самодоверба и почит.
Која за миг допира во дамарите на твоето
мало искрено човечко срце
полно со љубов,топлина,хуманост .
Или можеби е искра на надеж што како свеќа тлее
во длабочината на твоето човечко битие.
Бури се брануваат во овој величенствен миг,
не ми даваат спокој чувство на
немир и неспокој,чемер и јад душава ми ја параат.
Како камена грутка на плеќи ми тежи,
а пак една неминовна историска вистина
на прадедовски завет на срце ми лежи.
Човек си со свое достоинство,еднаквост
и права избори се за твојот опстанок
сега во овој миг со храброст и гордо крената глава.
Нека те покрене и движи полетот на младешкиот ентузијазам и авантуристички дух
Како предизвик или патоказ кон посреќна иднина
за тоа верувај ми ти млад човеку светот допрва ќе има слух.