[Литература] Јана Костовска – II година

Темата на конкурсот „Што ме движи кога сè стои?“

Импулси од кардиолошката тишина

 

Стоиме на исто небо

од параболична мистика,

се вкоренуваме

на тлото на тишината,

инклузивна метрика

ни ги оправдува мечтите!

 

Во заедничка метафора

ни се будат сништата,

на зениците закачивме

правдољубиви погледи,

со достоинствена семантика

ја објаснивме љубовта…

 

Ни изникна слобода

од кожата на тишината,

болките ги закопавме

во гробовите на историјата,

си нацртавме чекори

за да ја изодиме неизвесноста!

 

Меѓу мојот и твојот збор

молчат правописни гримаси,

наоѓаме симболи

за толерантна едноставност,

солидарно побратимство

ни ја скротува крвта.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

+4