[Литература] Јана Нолева – I година

 

 

Што ме движи кога сè стои?

 

Се раѓаме чисти со образ бел,

но тоа не останува кај сите во животот цел.

Зло, дискриминација, неправда има.

Зошто тоа постои?

Mоето срце тоа не го прима.

Тие се оние кои човештвото го гушат,

мирот, љубовта ја рушат.

Светот е убаво место дури и рај,

но некогаш и невиден пекол знај.

Зошто страдаат луѓе невини?

Зошто различниот секогаш да се обвини?

Зошто кон различниот да се покажува со прст?

Кога и тој е човек, ние сме во ист грст.

Богат или сиромав, маж или жена, здрав или болен, зар тоа е важно?

Ако вака ги делиме луѓето тоа е тажно.

Светот од немир стои,

но светлина на крајот од темниот тунел постои.

Толеранцијата кон правиот пат не води

и иднина полна со радост и среќа ќе се роди.

Правда – збор кој сила дава

и на нашето општество во ред го става.

Солидарност – помош да се пружи,

без оглед на се, секој со секој да се дружи.

Целиот свет само од еднаквост нека блика,

совршенството ќе биде еднакво на таа слика.

Овие човекови вредности напред ме носат,

кога лоши ветрови сакаат да ме покосат.

Прават да не се откажам од играта, живот наречена,

колку и таа да е од зло и немир попречена.

 

 

 

 

 

 

+157