[Литература] Дамјан Маневски – I година

,, Што ме движи кога се стои’’

 

 

Со проучувањето на историјата и документите на нашиот континент-Европа за време на првата и втората светска војна, во цела Европа и пошироко во Азија и Африка биле нанесени големи штети во економијата, индустријата и воопшто во природата а за несреќа се нанесени и големи страдања на сите луѓе и загубени милионски човечки животи. По завршетокот на втората светска војна (1945-1950) после сите неприлики и штети од војните, неколку европски политичари на чело со Робер Шуман, Конрад Аденауер, Алчиде Де Гаспери и Винстон Черчил започнуваат процеси и ја создаваат Европската Економска Заедница. Тогаш Европската Економска Заедница била основана од шест европски држави ( Белгија, Западна Германија, Италија, Луксенбург, Холандија и Франција). Понеколку години оваа Европска Економска Заедница се проширила со други земји. Оваа Европска Економска Заедница овозможува огромен економски подем на секој план од животот на луѓето. Затоа голем број европски држави во коишто предтоа биле управувани од диктатури, постануваат демократски земји со што постепено се вклучуваат во оваа Европска Економска Заедница-Европска Унија тоа го прават Грција, Шпанија, Португалија, Австрија, Финска, Шведска а најпосле во Европската Унија се вклучуваат и други држави меѓу кои последни се вклучуваат Бугарија, Романија во 2007 години и Хрватска во 2013 година, така да Европската Унија достигнува бројка од 28 членки држави. Минатата година (2020 година) од Европската Унија излегува Велика Британија така да денеска таа брои 27 членки држави.

Проширувањето на Европската Унија помага во одржување на мирот, стабилноста во Европа и развивање на демократијата а во исто време и создавање на единствен пазар за земјите членки. Тоа треба да овозможи и примена на принципите на инклузија, демократија, почитување на правата на човекот и основните слободи за примена на сите закани. Страдањата од минатото и конфликтите треба да бидат поуки за младите генерации. Затоа младите мора да бидат и врска помеѓу државите и народите за обединување на државите, кога го велам ова мислам и на почитувањето на еднаквоста меѓу луѓето без разлика на нација, вера, социјална и економска положба на граѓаните од сите држави. Па тоа значи помирување на народите што настануваат или настанале како последица на различни причини во минатото (почитување на луѓето по вера, нација, политиќка припадност, социјална положба и така натаму). За жал и денеска има примери во светот на територијални претензии меѓу држави непочитување на индентитетот, јазикот ( иако нецелосно од самите држави) кој што овозможуваат нетрпеливост, несоработка, навреди и слично. За жал такви појави има меѓу нашата држава со Република Бугарија што е причина за почеток на преговорите за прием на нашата држава во Европската Унија. Сепак мислам дека овие недоразбирања ќе се надминат во најкраток рок. Сепак за вклучување на било која држава во Европската Унија потребно е да се направат неопходните реформи во сите области на живеењето пропишани од рамката за преговори меѓу земјата и Европската Унија.

 

Одлуката за почеток на преговорите и текот на истите се носат во институциите на Европската Унија. Седиштето на Европската Унија се наоѓа во Брисел-Белгија и Стразбург-Франција. Во Европскиот Парламент има различен број парламентарци во зависност од големината на државите членки на Европската Унија. Покрај Европскиот Парламент други органи во Европската Унија се и Европскиот Совет што го сочинуваат министри од сите земји членки на Европската Унија, Европски Комисии за различни прашања од интересите на земјите членки. Важно е овде да напоменеме дека во сите европски институции членовите на истите зборуваат на својот сопствен јазик и почитување на одлуките од сите земји членки на Европската Унија . Покрај заедничкото одлучување на прашањата за секоја земја во институциите се одлучува и за економските, социјалните, инфраструктурните потреби на секоја земја членка на Европската Унија. Со тоа се унапредува економијата, образованието, патувањето на сите граѓани.

Од сето напред кажано сметам дека нашата држава која територијално припаѓа на Европа и е дел од Европа треба што поскоро да стане членка на Европската Унија. Со тоа ќе се зголемат демократските процеси, почитувањето на правото, обучување на младите за подобар живот на сите луѓе. Овде мислам на програмите: Еразмо + ( правото на младите да добиваат финансиска и организациона подршка за престој во друга земја од Европската Унија со што се здобиваат со квалитетни знаења и навики) , Гаранција за младината ( со што се овозможува младите да бидат обучени во умеењата за потреба на работодавачите или за нивно индивидуално професионално ориентирање), Европски корпус за солидарност ( со што се овозможува на младите да учествуваат во разни дејности за солидарност работејќи како доброволци на определено работно време). Имајќи го во предвид напред кажаното очекувам што побрзо решавање на сите отворени прашања меѓу нас и соседите, усогласување на законодавството, искоренување на митото и корупцијата а се со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните. Значи паралелно со создавњето на подобри услови за живот значи подобрување на инфраструктурата, подобруцање на здравственат состојба , обезбедување за подобра животна средина и така натаму. Накрајот да кажеме да тргнеме напред во напредниот цивилизиран свет.

 

 

 

+31