[Литература] Антим Атанасоски – II година
ШТО МЕ ДВИЖИ И КОГА СÈ СТОИ
Само навидум сè стои.
Привидно се одмора,
а за квантен скок се подготвува.
И јас еве
ги движам твоите чекори,
а ти моите љубопитни мисли.
Јас ќе пеам со твојот вонземски глас
и заедно ќе танцуваме
во овој рамнодушен вакуум.
Ако навидум сè стои.
Со верба и штит од достоинство
ја разбивам маглата густа,
ја бранам витешката чест
во име на различните безимени херои.
Ме движи љубовта
што гради мостови од нашата природна потреба за праведност.
Учењето да растам
во подготвен човек за пристојна иднина
ме движи.
Стојам гордо
верувајќи ѝ на вистинските насоки
кои ја движат сечија желба
да погледне длабоко во забревтаната душа.
Ништо не стои
ако ние не го сопреме.
Се сè движи
иако звучи како скржаво поместување.
Важно е
Секој од себе да го започне големото патување(откривање)!!!