[Литература] Ана-Дебора Јакимовска – IV година
Што ме движи кога сè стои?
Во мојот живот многу пати кога ми било тешко или кога ќе бев тажна за некоја ситуација или кога сум се соочувала со стравови, музиката секогаш била тука за мене за да ми помогне да не се чувствувам осамена и исплашена. Ми помогнала да се ослободам од сите негативни случки што ми се имаат случено. Музиката од секогаш ми била страст, инспирација и мотивација за да ме подигне и да ме движи напред. Музиката има силно влијание, може да нѐ смири, да ни ја врати силата и да нѐ расположи. Преку неа можеме да ја изразиме и радоста и тагата. Музиката отсекогаш била присутна речиси во сите култури, бидејќи може да допре и до умот и до срцето. Таа е вистински дар од Бог.
Јас од секогаш сум сакала да се занимавам со музика. Музиката е нешто што најмногу ми помогнало во животот, да бидам посилна како личност. Уште додека бев мала, сум обожавала да пеам и играм на кореографии на песните што биле многу популарни, од најпопуларните пејачи, рок бендови, групи, корејска поп музика, рап и слично. Сите тие пејачи, рапери што ги слушам од мала возраст најмногу ми имаат оставено впечаток. Животот без музиката е празен и ништовен. Да не постоеше музика, немаше да имам сила,немаше да го запознаам мојот вистински пејачки глас уште од деветгодишна возраст кога почнав да ја пеам песната „ My heart will go on“ што во превод значи „ Моето срце ќе продолжи“ од Канадската пејачка Селин Дион (Celine Dion) . Се сеќавам кога имав единаесет години бев на одмор со моите родители, мојот вујко, вујна и братучед во Грција. Таа вечер се шетавме во Парајлија и случајно застанавме пред еден кафич каде што имаше караоке шоу. Секој што имаше желба да пее, можеше да се пријави и да ја пее својата омилена песна. Во тој момент се прашував дали да одам да ја пеам песната што најмногу ја ми се допаѓаше,а тоа беше песната „ My heart will go on“ бидејќи беше запишана на списокот. Мајка ми ме праша дали сакам да одам, јас и одговорив сакам мамо. Самиот кафич беше полн со можеби едно стотина луѓе, кога ја испеав целата песна сите ми ракоплескаа. Никогаш не сум се чувствувала толку среќна во мојот живот затоа што мислев дека нема да ја испеам како што треба, не сум се чувствувала толку возбудена како што бев тогаш. Тој ден навистина беше незаборавен и најубав! Следниот ден кога одев на плажа со фамилијата народот почнаа да ме викаат Селин Дион, Селин Дион! Не очекував дека на луѓето толку многу им се допадна мојот глас. Оттогаш продолжив да учам и други англиски песни од разни пејачи што се од Америка и Велика Британија. Потоа почнав да пеам песни од рок бендови како Битлси, Бон Џови, Аеросмит, Никлбек, Квиин (Queen) и така натаму. Благодарение на татко ми , јас почнав да слушам рок бендови, и немаше да знам многу информации, историја, кариера и животни приказни (лични животи) да не беше тој. Првиот рок бенд што почнав да го слушам и најмногу ми остави впечаток е Queen ( Кралица).
Queen бендот е составен од четири члена: Фреди Меркјури (главен пејач во бендот), Брајан Меј (гитарист), Џон Дикон (на бас гитара) и Роџер Тејлор (тапанар). Зошто всушност баш овој рок бенд ми остави најголем впечаток до ден- денес е токму поради овие причини: животни приказни (личен живот) , историјата на бендот односно на почетокот како бил формиран, причините зошто , која била и која е целта на бендот, како станал успешен, каква ќе биде кариерата сега , а како претходно и така натаму. Исто така многу ми се допаѓа гласот на Фреди Меркјури затоа што никогаш не сум слушнала машки глас што е толку висок и талентиран. Од кога ја слушнав песната „We will rock you” мене ми се смени животот, продолжив да слушам и други песни од нив. Рок музиката не е единствен жанр што го слушам во мојот секојдневен живот. Неколку години подоцна почнав да одам на часови по соло пеење да научам нови работи како техники за увежбување на гласот, дикција и така натаму. Најблагодарна сум на професорот што ме научи на сите тие работи и на грешките што сум ги правела додека траеше матрицата. После неколку месечното вежбање со професорот се организираше концерт во клубот Subway. Таму учествуваа сите учесници(музичари и пејачи) , професорот и некои негови пријатели музичари исто така. Сите што бевме присутни ѓи изведувавме нашите омилени песни. Имаше доста многу публика. Мој најдобар другар беше со мене да ми дава голема поддршка, исто така моите родители и мојот постар брат. Ги пеев песните „ Perfect “ од Ед Шеран и „ Cry me a river” од Џули Лондон. Додека траеше концертот се запознав со едно девојче што најмногу ми остави впечаток и ме остави без зборови со нејзиниот глас како на Витни Хјустон. Се изненадив кога ја слушав како пее и до ден- денес сме најдобри другарки. Музиката беше тоа што нас двете не поврза. Исто така додека учев во основно и средно училиште, учествував на многу хорски натпревари и освојувавме многу награди и дипломи . Додека бев во основно училиште на еден училишен натпревар освоив прво место, а следната година освоив трето место. Во 2019-тата година учествував на натпревар по соло пеење во средното гимназиско училиште Јосип Броз Тито. Ја пеев песната „ Perfect” од Ед Шеран и освоив второ место. Најмногу бев задоволна и среќна што имав можност да се видам со моите најдобри другарки и другари што најмногу ѓи сакам со моето цело срце и душа. Мојата мајка како мој најголем поддржувач секогаш е тука да ме поддржи и секогаш ме поттикнувала да бидам храбра и борбена. Таа ме слушаше како ја пеев песната со силни емоции, чувства.Многу интересна случка е кога минатото лето бев со моите најдобри другарки и другари на прошетка низ град и одеднаш слушнав како еден човек од Кина пее и свири на акустична гитара. Во тој момент се изненадив и не очекував дека некој од Кина ќе има доволно храброст да пее и свири пред публика. Додека тој беше во нашиот град се запознав со него и почнавме да разговараме на англиски јазик, му помагав да научи зборови на македонски јазик или некои зборови ако не му беа јасни. Еден ден тој ме повика напред да ја пеам песната „Shallow” од филмот „ A star is born” што во превод значи „Се родила ѕвезда“ вклучувајќи ги Лејди Гага и Бредли Купер. Никогаш не сум се чувствувала толку среќна затоа што никогаш не сум пеела со некој што е странец. До ден- денес сѐ уште го вежбам гласот. Пеењето е нешто што мене многу ми помага за да се научам како да ги изразувам емоциите кога пеам пред публика, ми помага да се снаоѓам во животот, да се смири мојата анксиозност, таа болка и мемории што можеби нема никогаш да ги заборавам во текот на мојот живот и засекогаш ќе ми останат во сеќавање. Ми помага да станам борбена и многу посилна личност.
Можеби во иднина ќе бидам успешна како соло пејачка или пејачка во рок бенд, иако и самата знам дека можеби тоа и нема да се случи, но сѐ е можно во секој момент и прилика. Не се плашам да кажам дека можам да бидам и подобра во пеење. Ако се сака, сѐ се може. Да бидете музички едуцирани е нешто што многу се вреднува, цени и почитува кај луѓетo. Музиката е мојата инспирација,живот,мотивација,љубов и среќа. Секој ден кога станувам рано наутро, првото нешто што го правам е го зимам телефонот и слушалките, со нив обично се будам и слушам музика. Со нив исто така легнувам навечер, затоа што музиката ми помага многу полесно да заспијам. Затоа кога се стои мене музиката ми помага да продолжам напред низ животот.