[Литература] Ана Стојановска – III година

Што ме движи кога сѐ стои

 

Сè беше малку полесно,

и излегувањето и разговорите

и гледањето нетфликс и следењето часови на школо.

Таман почнав да сонувам за мојот свет,

животот се претвори во општ преплет,

лаптоп екран со нови лица секој ден,

заплеткан бескрај

заборавен

во фризерница без фен.

Cè беше малку полесно,

и размислувањето и домашните

и одењето во продавница и седењето дома.

Откако светот запре,

имагинацијата летна

па сега знам дека оставив дел од себе

низ Амстердам и Виена

и деновите се само улици од спомени

во кои стојам храбра и свесна.

Движењето нема смисла ако нема цел,

но и стоењето нема смисла ако не види ден бел,

па така го барам тој збор врел

кој ме грее во мислите секој ден

и ме потсетува дека ова да се издржи мора

и да се памети и учи со секоја животна пора.

 

Cè беше малку полесно

навистина cè,

но едно нешто е вредно да се опее:

Светот застана за да погледнеме во себе

и со љубезност во дланка

да си кажеме “Животе, те сакам тебе”.

 

+134