[Литература] Ана Марија Анѓелковска – IV година

 

Мојата визија

Во последно време се случуваат многу работи,дел од наша контрола дел од природата.Тоа што сакам да го истакнам кај самата себе си се дефинитивно промените кои се случуваат.Да многу промени се случуваат како и во природата така и во самата личност која што сум јас.

Една од причините зашто сакам да пишувам е да се истакнам во мојата креативност,имагинација,иновативност. Исто така сакам да истакнам дека јас имам брат со попреченост во зборувањето-дијагноза (алалија).Тој има 25 години,се вика Ангел. Мојот ангел-чувар е тој.Една од работите кој што најмногу ги сакам во животов и на кој животов ме научи е да помагам,а и природно сум хуманист.

Сте се запрашале ли што го прави животов толку убав?Јас секако го имам одговорот животов е убав,затоа што ние го креираме,моментите се најубавиот дел од мојот живот. Иако толку ми е убаво да пишувам и да се внесам во ова,секое дело си има свој почеток и крај.Како за крај сакам да кажам дека животов е еден и направете го најубав што можете,затоа што еднаш се живее.Направете го секој момент полн со радост и среќа.Откријте некое ново хоби,направете некое добро дело,помогнете му на некој што неможе да си дозволи она што вие го можете.Не го правете тоа за да се докажете према некого дека сте успеале во животов и дека сте се снашле,правете го тоа дека еднаш се живее.Хуманоста е најголема доблест кај еден човек.

+3