Издигнувајќи се од длабоките води во срцето на Јужниот Пацифик, островот Бора Бора е скапоцен камен на Француска Полинезија: мал остров оддалечен од Тахити само 50 минути со авион, позициониран во една од најубавите лагуни на планетата. Бора Бора е дестинација од соништата за секој човек во светот и едноставно е олицетворение на романтиката. Хотелите нудат прекрасно чувство на приватност со нивните бунгалови на вода и „пловечки“ вили со директен пристап до морето, а терасите овозможуваат прекрасен поглед на пламенитите зајдисонца. Никнувајќи од океанот пред 13 милиони години, Бора Бора е остров кој се наоѓа на изумрен вулкан, со големина од 30,55 километри квадратни. Во центарот на островот може да се видат остатоците од вулканот, од кои се издигнуваат двете највисоки точки на островот, планините Отеману и Паија. Денес, лежи среде лагуна која светка во скоро натприродни нијанси на сина боја, додека во оваа раскошна палета се огледуваат силуетите на планините Отеману, Паија и Хуе.
Опкружена со корални гребени, Бора Бора и нејзиниот ѓердан од островчиња ги освојуваат сите срца со своите бели песочни плажи. Најпопуларната, Матира, американската телевизиска куќа CNN ја прогласи за една од најубавите плажи на целиот свет во 2013 година. Во азурните води на Бора Бора, разнобојни риби пливаат и се кријат во раскошните корали, а над нив елегантно поминуваат раите. Со треперливи перки ги одминуваат пливачите со нуркачки маски, а за авантуристите е достапно нуркање кое гарантира безбедни и блиски средби со желки, раи, па дури и ајкули! Сината е доминантна боја на Бора Бора, но зелената го краде вниманието веднаш штом ќе се започне со истражување на внатрешноста на островот. Најдобар начин да се стори тоа е пешки, со велосипед или со скутер. Ништо не е премногу далеку и одењето е по доста рамни патики, освен ако не станува збор за искачување на луксузните падини на планината Отеману (727м). Кога хибискусот е во цут во долината, пејзажот е едноставно волшебен и нема потреба од никаков страв: нема опасни животни или инсекти за да ја расипат прошетката. Тука, човекот и природата живеат во совршена хармонија.
Толку многу се пишува за Бора Бора, а сепак е тешко да се пронајдат вистинските зборови за да се опише магијата што произлегува од овој остров. Оригиналното име на островот на тахитски јазик првично било Вава, што значи „прво родено“, потоа преминало во Пора Пора, па во сегашното Бора Бора. Островот е дел од групата на Заветрените острови кои се наоѓаат во западниот дел на Друштвените острови на Француска Полинезија, од чиј главен град Папетеа е оддалечен 260 километри. Овој остров кој го одзема здивот бил прв пат населен со Полинежани околу четвртиот век, прв пат бил виден од страна на Европеец во 1722 година од Јакоб Роггевен, а првиот Eвропеец што некогаш го посетил островот бил Џејмс Кук. За време на Втората светска војна, по нападот на Перл Харбор во декември 1941 година, островот бил избран од страна на Соединетите држави како јужно-пацифичка воена база за снабдување.

Економијата на островот е водена скоро единствено од туризмот. Многу одморалишта се изградени на мотоата (на тахитијански-мали острови) околу лагуната. Првиот хотел, наречен Бора Бора се отворил во 1961 година, а девет години подоцна биле изградени првите бунгалови над вода на потпорници над лагуната. Денес бунгаловите се стандардна карактеристика на повеќето одморалишта на Бора Бора. Повеќето од туристичките дестинации се аквацентрични, но сепак е можно да се посетат копнени атракции, како топови од Втората светска војна. Најголемата населба Ваитапе е на западната страна на главниот остров, спроти главниот канал во лагуната. Производството на островот е претежно ограничено на она што може да се добие од морето и обилните кокосови палми.
Бора Бора е мало парче од рајот лоцирано на Земјата. Моќта на убавините на островот го исполнуваат срцето при секое негово отчукување. Безбројните нијанси на кристално чиста сина вода во лагуната, тропската вегетација која никнува на драматичните вулкански планински врвови, коралните гребени, разновидниот морски свет, туристичките атракции кои ги нуди островот и гламурозните одморалишта без сомнеж предизвикуваат да се вљубиме во островот на прв поглед. Едноставно кажано, Бора Бора е еден од најубавите острови на светот.