[Литература] Прокоповска Теодора – VIII одд

Што ме движи кога сѐ стои?

 

 

Чекориме…Чекор по чекор, започнуваме патека во која ни претстои битка… битка во која несомнено оној кој ја крева црвената ракавица ризикува да биде поразен. Но дали е ова причина да се прогласи себе си од самиот почеток да биде совладан или да продолжи на јуриш без да го извлече мечот?.. Контраст од бои, контраст на ден, среќа со несреќа, победа со пораз…антитеза која се обидува да ја надвладее другата. Многу настани, зборови, а само една вистина. Пиедестал кршлив како стакло… Тешкотиите започнуваат, патоказот во главите чека…каде да одиме, како да постапиме? Анализа на мислите како форми од пресликано мастило, километри далеку од сегашноста. Сѐ стои, а длабочините на водите не совладуваат. Ги креваме рацете високо, бараме помош од самите себе, бараме искра, искра полна со желба за живот. Желба да се ослободиме од осудите, од дамата во црно и да прифатиме што таа со својот молк сака да ни каже…Да престанеме да се бориме со себе си…? Борбата во која сме денес нека ја развие силата во нас, да се избавиме, нека суштината на новината го даде стандардот на животот, нека брановите не поттикнат, погледот посоветува а искрата се разгори… Кога сѐ стои, бујното море нека се разниша, нека птиците се разлетаат, а ветрот ги однесе мислите кои без престан се движат околу својата оска… Да духот во нас се ослободи, да излезе од рамките на дисфоријата, да се разбудиме со визијата во нашето срце и го здогледаме она што е суштински важно. Бескомпромисната ситуација владее, полека тонеме, здивот згаснува, а пролетува мисла „Животот не е лесна цел!“

Притисокот наоколу потиснува, болката длабоко се крие, а ние сепак повторно живееме. Живееме во време на искушение, испитание до каде сѐ можеме во моменталната ситуација. Во време на пандемија, обземено чувставо на страв, трепет, болка, окупираност од владетелот. Маските како штитови на војниците со кои постојано се штитат, оружјата – убијци на вируси и бактерии, испукуваат нови истрели. Мечовите остри како сабја пристигнуваат на пат – спасот пронајден, но за него да се чека сѐ уште има многу. Празни улици, паркови, затворени молови, туристички атракции, салони, јавни простори – духот на надворешната хармонија згаснува. Џагорот од улиците го нема, време кога животот во еден здив ни се промени – кошмар во јаве… Мета на денешницата, состојба во која секој од нас се пронаоѓа, состојба каде размислуавњето е единствено нешто кое не одржува над нивото на водата, притоа овозможувајќи умот да лебди низ облаците…

Моментите кога добрата песна го дава мотото на животот, стихови кои не водат на едно патување кое еден ден ќе не присети на најубавото, најнежното, ќе замириса она невозможното и ќе се запее најмилното. При ум ќе дојде она посакуваното, преживеаното – траг кој со светлината не дозволува да биде замрен. Период каде секој се присетува на сите драгоцени случувања од својот живот, роденденските забави, свадбените прослави, посетувањето на туристичките атракции, земјите од нашите сништа – повод за нова дружба, ѕвезди во темниот мрак. Моменти кои никој не знаеше да ги цени, каде во сечие срце длабоко беше сместена вербата во нови шанси и прилики за пропуштеното. Период каде ја сфаќаме пораката која секојдневно беше доставувана до нас „Што можеш денес, не оставај за утре“ Токму тоа утре, моментот каде каењето би го достигнало врвот, каде самообвинувањето би било единствен лек. Можностите и приликите кои се тука покрај нас вредат да бидат искористени затоа што фотографиите, билетите, наградите и топлите зборови се оние кои остануваат, тие се оние кои ги претставуваат сите чувства, сите мисли од драгоцените моменти – албум кој вечно ќе трае. Килим исткајан низ разбојот на преживеаното, копнеж кoj не се потиснува…

Посјајно од најсјајното, подлабоко и од најдлабокото, поболно и од најболното, две години кои со брзината на светлината заминаа, две години во обземеност од страв и обезуменост што би било утре? Чувство на патник кој седи мирно и тивко во забрзаниот воз кој оди кон крајната дестинација, време каде човекот се запознава со нешто ново. Здравствените работници одблизу со овој вирус, а ние луѓето со фаталните, неочекувани случувања кои не носат во бунило. Дел од период на животот за кој ние не сме виновни, но период каде секој се среќава за првпат… Но не, не сме привите, ова претставува период од животот кој и нашите предци го минале… Живееме во свет каде секој се обидува нешто да промени, да воведе нешто ново кое би претставувало спас за сите – слобода. Нешто кое би ја променило моменталната состојба – актуелните власти и здравствените раотници одново и одново пронаоѓаат нови решенија. Надешта ја гледаме кај нив, вербата е цврсто поставена врз нивните постапки… Период на испитание до каде сѐ можеме, добивка на време која носи нови предизвици за секој од нас. Предизвик кој носи нов ризик, ризик со кој секој ги здогледува своите соништа, своето прво и најважно поглавје каде ентузијазмот и упорноста тивко и неуморно не следат. А кога предизвикот со сите свои афинитети преовладува тој тогаш ја дава смислата, ја укажува мистеријата и ја започнува битката за стабилноста помеѓу самодовербата и упоноста… Желбата за нови нешта, надградба на изградениот ѕид, надградба која носи цврст темел за успех: „Успехот, често хемиска реакција помеѓу добрата можност и лошата намера“ – Јон Ликво.

Преовладение на одговорност и стабилност, скалилата се зголемуваат, тешкотиите надоаѓаат, пристигнуваат моменти каде секој од нас ја губи силата, надешта, нивото отежнато, бројот зголемен, безброј падови, а искра надеж одново ни дава нова причина, нова иницијатива. Време за откажување нема, дадената можност да ја зграпчиме, битката ја освоиме а приликата искористиме. Скалилата да ги искачиме, предизвикот прифатиме и сништата ги претвориме во јаве, затоа што откажувањето е најлесниот пат за слабите, а битката и упоноста се оние кои не прават да бидеме силни. Пауза која ни овозможува да размислиме што понатаму, да го исцртаме патот на нашата иднина и со цврсти чекори да зачекориме остварувајќи ги сопствените замисли пронаоѓајќи го она вистинското, она кое ќе ни претставува водич низ патот полн со кривини. Да опстоиме со чувствотo дека живееме и навистина оставаме траг во оваа борба за живот, го оствариме подоброто утре и повториме чувството на слободна птица во лет. Да го здогледаме животот од перспектива на задоволство, позитива и чувство дека вредноста на нашиот успех се мери со исполнетоста во сопствените срца. Пауза која вреди повеќе од највредното, пауза која ни овозможува да го запреме времето, да се пронајдеме самите себе низ овој заплеткан јазол. Да го активираме умствениот капацитет кој тлее во нас и да се оставриме во улога на околината, да се справиме со проблемите. Воздишката да биде онаа која ќе ни даде знак дека треба да се погледмеме во огледало и да сфатиме кои навистина сме ние.

Пауза која претставува психичка подготовка за она кое не очекува во животот пртоа оставајќи една мисла која треба да биде наша идна мотивација – и покрај сите падови кои се случуваат во тешкиот период тие се само еден незабележлив бран во разбрануваното море… Да дадеме едно мало интермецо, да притиснеме на можноста PLAY , да се подготвиме и продолжиме. И кога сѐ стои желбата за подобро утре нека не згаснува, бидејќи таа претставува само еден дел од темелот за животот кој ни претстои!

 

+7