[Литература] Јован Пешев – VI одд.

Еден ден 

Еден ден неочекувано никаде од нигде сé се промени се промени цел свет. Паднавме во господово искушение, одеднаш полициски час, карантини, маски, старите луге се плашат за сопствените животи а и ние децата.  

Сите се бориме со овој проклет вирус и млади и стари и доктори  и претседатели, војската на нога крената, објавени вонредни состојби, граници затворени. Јас сум дете од село, за нас е до некаде добро, а за децата од градот се внатре како во затвор затворени, но и покрај тоа повеќе не можам да бидам со другарите да испаднам на полјанка да играме од нашите сакани игри, да играме топка.  

Посакувам сé да е нормално, дружбата и гужвата, сакаме да 

излеземе надвор доста беше дома. Вирусот ни го замати умот и на млади и на стари само за него зборуваат вирус, вирус, вирус, доста беше тој главен на тема треба да се стави крај. 

Откако не одиме на училиште со физичко присуство цел ден седиме пред своите компијутери и учиме, тој и е како другар ама не може да е како вистинскиот другар. Ми недостигаат детските викотници и брканици навистина. Ако сум дете од село и ние си играме и ние имаме наши игри  и ми недостига тоа. Од нас  зависи дали ќе се врати сé во нормала. Затоа здраството работи без прекин деноноќно за да обезбеди нешто ново и ефикасно а тоа се вакцините. Затоа треба сите да се вакцинират и млади и стари сé е во нивни раце. 

Јас исто како и сите други ја најдов мојата движечка сила во природата и нивите. Во природата го наоѓам мојот мир и спокој, а кога сум на нива заборавам на овој вирус кој ни создаде пекол во животите.  

Утеха најдов во семејството со брат ми и сестра ми која е мала, со моите родители, со дедо ми и баба ми, јас сум многу среќен што имам големо семејство, а некои жалат за своите сакани.  

Многу посакувам да е сé поинаку и да нема карантини, полициски часови, да има свадби и веселби да е сé по старо да можат сите да се вратат каде и да се да бидат со своите сакани. Но постои нешто а тоа е надежта. Посакувам сé да е кошмар, надежта да е зрак за едно подобро утро.  

Треба да се продолжи  со животот само напред нема враќање назад. Затоа треба да постои љубов и надеж. Љубовта и надежта е онаа што ме движи, а онака сé стои. Посакувам сé да се смени во еден ноќ исто како што започна во една ноќ. 

+32