[Литература] Верица Ѓорѓиева – III година

„Што ме движи кога сѐ стои“

 

Животот кој го водиме изминатиот период е целосно нов и поразличен од било кога. Не надевајќи се темпото на живот одеднаш се промени. Секојдневните навики се променија, начинот на размислување се промени, и што е најважно, слободата се изгуби. Слободата и сигурноста на излегување, социјалниот момент сосема е сведен на минимум. Сите овие промени дојдоа во момент кога никој не очекуваше. Неподготвени, токму кога требаше да уживаме во животот, бевме приморани да го прифатиме новото ,,нормално”.

Навикнати на брз живот, живот со широки хоризонти во кој ни е дозволено да го правиме сето она кое го посакуваме. Себично и алчно да планираме и мечтаеме нашите соништа да станат реалност, притоа неспречени од никого и ништо. Не ценејќи ги вистинските морални вредности, среќата сме ја барале најмногу во материјалните нешта, патувања, забави, нова облека, најсовремени уреди. Несвесни за слободата во која живееме, а повторно несреќни.

Вака изморени од вртлогот на брзиот живот, бевме затекнати од нов, сосем непознат, живот полн со изненадувања. Промена на глобално ниво. Никој не претпоставуваше дека токму еден вирус во 21 век може буквално да го застане светот. Одеднаш ја сфативме цената на животот. Почнавме да бидеме благодарни за секој нов ден, дочекан заедно со своите најблиски. Сплотени како никогаш досега почнавме да се соживуваме со секој спасен живот, и да тагуваме за секој згаснат. Звукот од сирените на амбулантните возила с уште предизвикува ежење кај секој од нас. Моралот се подигна на едно поинакно ниво.

Можеби на светот му беше потребно нешто вакво. Можеби станавме премногу себични во трката за подобар живот, каде моралните вредности се поместени. Значењето на зборот среќа повеќе не значеше дека навистина некој е среќен, туку ги следеше новите, изместени норми и правила од кои и самите сме изморени. Затоа сега имаме повеќе време од било кога. Време кое може да го искористиме за да станеме подобра верзија од себе. Да ги истакнеме нашите доблести, а да ги минимализирам маните. Можеби да научиме нов јазик, нова култура, да вложиме во себе затоа што тоа е успехот на еден човек. Наместо да бидеме исполнети со негативни мисли и страв, затворајќи се во себе, сега имаме доволно време да поминеме со нашето семејство и оние кои ги сакаме. Можеме подобро да ги запознаеме и да дознаеме нешто за кое претходно сме немале време. Исто така можеме да одиме на прошетки во нашата земја, да ја откриеме, затоа што сум сигурна дека повеќето од нас за одмор или некое патување почесто одбирале да одат надвор од нашите граници. Затоа сега треба да ја прифатиме реалноста и да го извлечеме најдоброто од неа.

Во овој момент секој треба да биде исполнет со позитивни мисли и надеж дека ова набргу ќе заврши. Иако сме затворени со полициски час, рестораните, кафулињата и дискотеките исто така не работат, секој треба да најде начин преку кој духовно ќе биде исполнет. Оваа ситуација ни овозможува да застанеме и одмориме од овој брз начин на живот. Да видиме каде сме и до каде ќе не водат нашите постапки. Оваа пандемија ни покажа дека сме желни за промена, за оттргнување од овој брз, материјален живот и враќање на вистинските морални вредности. Ни покажа дека треба да бидеме сплотени без разлика на с, да си помагаме помеѓу себе, да шириме позитивна енергија и љубов затоа што само така се надминуваат препреките во животот. Оваа пандемија можеби го застана светот, но јас ја гледам како голема животна лекција, која ми ја покажа вредноста на секој човечки живот.

 

 

+3