[Литература] Тамара Божиновска – VIII одд.

Што ме движи кога се стои?

 

Кога се стои,ме радува насмевката на мојата сестра

кога мило и радосно ме гледа,

во моите маслинесто зелени очи.

 

Кога се стои,

а само мојата мисла патува.

И кога јас танцувам

во ритамот на некоја романса.

 

Кога се стои,

ме движи погледот на лицето на мојата мајка,

кога мило и нежно го повикува моето име

и ме буди од сладок сон.

 

Кога се стои,

ме весели,старата гитара на мојот татко

и нејзината мелодија

која постојано ме движи.

 

Кога се стои

ме движи љубовта и нејзината топлина.

Кога се стои,

ме грее насмевката на луѓето околу мене.

 

 

+69