[Литература] Сарах Абдулаху – I година
Што ме движи кога сè стои?
Сите имаме лоши денови, денови во кои ништо не оди како што сакаме, во кои сѐ е наопаку, и денот кога го пишувам овој есеј е сличен. Можеби не е баш лош, но дефинитивно има лоши делови. Цел ден бев жедна, требаше да станам рано во сабота, за натпревар по англиски јазик, и секојпат кога се обидов да се релаксирам, само помислив на домашната задача што треба да ја изработам за следната недела.
Овие денови се тешки. Но има нешта кои ни помагаат во овие денови, кои ни кажуваат дека не е сѐ лошо, нешта кои не движат кога сè стои.
Првото е читањето. Можеби тоа личи малку чудно; многу луѓе, особено други деца, не читат освен кога требаат, но понекогаш, кога ми се случува нешто лошо, кога не сакам да мислам за мојот живот, кога само сакам да читам за свет каде може да знам дека на крај сè ќе биде добро, понекогаш ми личи дека е полесно да се живее во книга. Книгата има пет етапите на дејство, пишувани во ред една по една. Кога ја читаш книгата, кога почнуваат да се јавуваат проблеми, знамеме дека до крај, тие ќе се решат. Кога личи дека антагонистот ќе победи, кога сè е безнадежно, знаеме дека на крај сè ќе биде добро.
Книгите ни даваат надеж кога немаме, нѐ инспирираат, ни даваат начин за релаксирање. Иако читањето не може да ни ги реши сите проблеми, може да ни помага да го заборавиме нашиот досаден живот и за кратко време да живееме во место каде сите проблеми не се наши. Книгата само ни дава начин да не мислиме за тестовите или за здодевните домашни работи.
Но, како и со сѐ друго, и со читањето може да се претера. Ако само читаме за да заборавиме за вистинскиот свет, нашиот вистински живот ќе помине додека ние чекаме да не го живееме. Иако читањето може да биде одмор од обврските, нашите проблеми не се решаваат со нивно избегнување.
Втората е мислата дека овој ден, овој момент, како и сите други денови, сите други времиња, лоши и добри, среќни и тажни, непотребни и важни, ќе поминат.
Понекогаш оваа мисла е страшна; знам доволно добро. Понекогаш само сакаме времето да престане, да оди малку побавно, особено кога имаме тест следниот ден, но времето не нѐ чека. И во времињата кога се молиме да оди побрзо, или да стои само малку, времето само тече. И кога сè стои, времето пак не престанува.
И не е ли толку убава оваа мисла? Дека иако сме го имале најлошиот од најлошите денови, што и да се случило, иако може да ни личи дека целиот свет застанува, времето пак се движи, и времето ќе се движи, и кога лошите денови се претвориле во добри и пак во лоши, и пред да сме се родиле и после да умреме, од милиони години пред нас до милиони години по нас. И може да личи дека ако било што и да правиме, било што и да се случи, времето пак ќе тече, ако ништо што правиме нема никакво влијаније врз светот, тогаш сè што може да правиме не е важно, но јас мислам дека не е така. Нашиот живот не е услуга за светот. Треба да помогнеме кога можеме, и да пробаме да го правиме светот и животот на другите малку подобар, но треба и да памтиме дека нашиот живот е само наш, и дека не е лошо да имаме мал, среќен живот. Понекогаш и јас заборавам дека не треба да го сменам светот, не треба да најдам нови планети или да го решам глобалното затоплување. Не треба да ја спасам Земјата за да живеам во неа.
Не е исто за сите. Мене ми помага да мислам за нешто друго за кратко време и кога е тешко да се потсетувам дека овие тешки денови ќе поминат, но, можеби некој друг има различни методи. Ние сме сите различни луѓе, и имаме различни методи за справување со времиња кога светот навистина личи дека стои. Но, нешто што е најважно, е да продолжиме да се движиме, иако ни личи дека ние сме единствените кои го праваат тоа.
На крај, за тоа е сето ова, нели? Сите само бараме нешто, во овој свет, што ќе ни дава сила, и во најтешките, најтемните денови, кога губиме, и тагуваме,и паѓаме, ќе ни дава сила да станеме и пак да продолжиме да се движиме, уште за еден ден.
Нема лоши причини за да продолжуваме да се движиме. Ми текнуваат моите причини; ќе играм со мојата сестра, ќе дојде летниот распуст уште месец и пол, ќе дојде викендот и ќе можам да спијам цел ден. Можеби личат како мали причини, и мали се, но пак се причини. Пак ни даваат сила да се движиме низ свет што само стои.
И заборавам, понекогаш, дека имам причини. Понекогаш личи многу полесно да стоиш наместо да се движиш, да останеш во исто место и да не се потрудиш повеќе. Но, треба, треба да памтиме дека има причини да станеме, да се трудиме, по втор или трет или четвртпат, и да продолжиме да се движиме низ светот, и кога личи дека нема да вреди.
Тука доаѓа второто нешто што ме движи.
Знам дека земјата нема да стои засекогаш. Знам, затоа што сум била тука, кога сѐ застанува, и сум била тука кога почна пак да се движи. Сум била тука, и ќе бидам тука, можеби еднаш или можеби повеќепати, и ќе пробам, секојпат, кога светот почнува да престанува, да се движам и да продолжувам да се движам додека светот се движи со мене.
Тоа е тоа, на крај.
Не можеме да направиме светот никогаш да не стои. Не можеме да одговориме на прашањето ‘што те движи кога сè стои?’ со ‘светот никогаш не стои’. Сите сме имале лоши денови и тешки времиња, и ќе имаме пак во иднината. Но, со помош на нашите сакани, со знаењето дека ќе дојдат подобри времиња, може да продолжиме да се движиме, да живееме, да постоиме во овој свет.