[Литература] Сара Лазаревска – VI одд.
ШТО МЕ ДВИЖИ КОГА СЕ СТОИ
Со желба и истрајност
кон целта се оди,
само треба да дозволиш,
сонот напред да те води.
Моето семејство за поддршка е тука
секогаш да ми пружи рака,
со нив секоја потешкотија
поминува лесно и без мака.
Секогаш кога ми е тешко
и не знам што , како и каде,
тука е и сестра ми
рака да ми даде.
Кога стои с`е во место
тогаш знае на човека да не му е лесно,
но за детето тоа не е така
затоа што има некој да го фати за рака.
Љубовта кон семејството
кон целта ме води,
и затоа со неа може човекот
храбро низ животот да оди.
Затоа ги љубам
и мама и тато и двете дадички
кои ми даваат сила и ме штитат од секое зло
да тргнам во животот храбро
и да направам добро дело.
+106