[Литература] Милош Јовановиќ – IV одд
„Што ме движи кога сè стои?“
Сега кога сè стои,
мене светот ми се бои,
цртам, сликам, бојам вешто
без престан сè и сешто.
Забележувам чудо се крои,
како сè да гори.
Насекаде грижа и мака
но, цврста е мојата рака.
Нема веќе клупа, смеа,
јас и другарчињата мои
се чудиме и запрашуваме:
Kаде ќе играме, ќе учиме ние?
До кога вака?
Знаете ли Вие?
Иако пред камера седам јас,
слободно кажувам на цел глас:
Мене насмевката ме движи,
кога некое другарче се смее,
радост во срце ми лее.
Ме движи и љубов,
кога ја земам и давам,
никогаш јас не се предавам!
Сè со љубов можам да правам,
да се сторам како птица,
да се вивнам в` лет
да го сменам овој заразен свет.
+57