[Литература] Марија Јовановиќ – IX одд.

„Што ме движи кога сè стои?“

Чекор по чекор , човекот се движи по својот пат .Трча како дете кон некој свој идеал , секојдневно се стреми кон некое совршенство , трча , не забележувајќи ништо околу себе , гледајќи многу далеку пред себе.Го гради својот пат гледајќи во далечина. Само малку да го тргне погледот од далечината , да погледне околу себе , можеби токму тоа кон што се стреми го чека него да го погледне или пак ќе види пократок пат кој го води кон целта , но не , тој е загледан и се губи во далечината.Можеби оние нешта околу патот го плашат ?! А што се наоѓа покрај патот по кој се движи човекот ? Покрај патот околу љубопитно и разиграно летаат мислите на човекот , кои одвреме на време се вртат околу главата на човекот и му досадуваат , тука вешто криејќи се секогаш во чекор со него , никогаш не напуштајќи го , стравовите злобно шепотат од едно на друго уво , а пак волјата – храбриот воин , битки води секојдневно со стравовите и е во трка да допре прва до срцето на својот човек.Мотивацијата стои како знак покрај патот , покажувајќи смело , на врело сонце , силна бура или снежна зима , никогаш човекот да не заборави по кој пат чекори. Се е толку динамично и брзо , во движење и без многу застанување по тој пат. Во секое време , во секој миг по некој сопатник влегува и чекори по иста патека , во исто темпо , боејќи го патот со свои бои и оставајќи траг кој ќе се помни засекогаш.Општеството додава свои желби , а човекот само чекори.Не е лесен тој пат , на својот грб , човекот носи товар од спомени од претходни чекори , пропуштени патови , загубени битки , заборавени чувства , а товарот со секој нов чекор е потежок. Можеби затоа денес човекот чекори и гледа во далечината.Одеднаш далечината се губи , станува уште подалечна , не се гледа.Каде е човекот ? Што прави сега ? Се застана .
Полека враќајќи го погледот околу себе , очите го болат , а уште повеќе душата.Соочувајќи се со сето она околу себе , човекот се соочува со самиот себе.Но дали е подготвен да се соочи со себе , после толку исчекорен пат , но дали е толку лесно да се соочи со сите претходни чекори ? Што ќе прави сега? Се повлекува.Но иако се околу стои , она што е во луѓето никогаш не може да застане.Големи битки се водат внатре во човекот , најголемите.Што го движи сега човекот ? Далечината ја нема , сега се е толку блиску и тешко едноставно . Ама едно нешто останува , а тоа е целта и стремежот човекот да ја освои. Застана се , дури и она ѓто не ни можеше човекот да замисли дека ќе застане. Овој наш современ свет , кој толку брзаше и трчаше , не гледаше околу себе , не знаеше за сегашност , туку живееше во иднина , одеднаш застана во сите полиња. Само едно нешто може да го застане светот , а тоа е нешто едноставно , нешто без што не може да сме толку брзи , нешто без што не можеме , а тоа е здравјето.Сите оние важни нешта , материјалните , потклекнаа на нешто толку едноставно и суштествено – здравјето.А кога се стои , што е она што никој не може да го запре со векови ? Што е она што е најбрзо на светот ? Тоа е мислата на човекот.Мислата го движи човекот , а целта го мотивира да продолжи да се движи.Целта на човекот е неговиот идеал , неговото совршенство што сака да го постигне , но сега може човекот да ја погледне во очи и да разговара со неа , односно со себе , дали е тоа неговата цел која сака да ја постигне , дали е навистина тоа нешто по што толку трча?Кога се стои , мислите стануваат најгласни , а човекот не е навикнат да ги слуша своите мисли толку гласно и сега е збунет од самиот себе.Кога ќе престане да се расправа со нив , туку ќе ги разбере , бидејќи тој ги гради низ целиот пат , почнува да соработува.Најдобро нешто што може да направи човекот е да се разбере себе си и да чекори пред се , со самиот себе , да се слуша и да се почитува.Тој мислеше дека е многу лесно од брзото темпо да се смири и да е се бавно и да е тишина , но погреши. Светот може да застане , но човекот не.Додека секојдневието како ветар го ниша по патот , тој се бори и го држи погледот кон целта.Сега сопатниците се уште поважни , но во тоа брзање не ги забележал сите бои кои ги даваат на неговиот пат несебично , а сега тие бои се нешто највредно што ги има.Сопатниците кои патуваат по тој пат со него се како цвеќе кое нсебично ја дава својата убавина на светот.Дали е тоа семејството , другарите или пак некој случаен насмеан поминувач , не е важно , бидејќи човекот сега гледа до него , во моментот и го вреднува.Околу него понекогаш е целосно црнило , лоши вести , но многу е важно што има тој во себе , доколку внатре има светлина , њубов , разбирање и почит , црнилото се осветлува и полека се губи.Треба да се негува она што е внатре во човекот , за да може да се развива она што е надвор од него.Сега чекорејќи додека се околу стои . се фокусира на многу помали работи , кои го формираат патот , а многу ретко се забележуваат , тоа се желбите , хобито , алите задоволства , едноставно малите нешта кои ја формираат убавината.Кога ја прифаќа својата цел , себе си и патот по кој чекори со сите нешта кои ги сочинуваат , човекот веќе не чекори туку почнува да лета како слободна птица по својот пат , забележувајќи ја сета убавина на светот , без разлика дали тој свет стои .
Сега се стои , но човекот веќе не се плаши ниту од себе ниту од светот.Продолжува со својата мисла да го освојува својот пат и да се движи кон целта.Не е важно дали светт стои , доколку нашите мисли се тука , доколку нашите сопатници не држат цврсто за рака , доколку не го гледаме патот како нешто тужо , бидејќи тој е само наш.Човекот гледајќи сега около себе , забележувајќи ја убавината , не забележува дека целта е е веќе постигната , а тоа е прифаќање на себе си и сфаќање на убавината на моментот и силата на мислата .Сега кога се стои , човекот патува , патува со својата мисла .Сега кога се соти , човекот го исчекори најдолгиот пат , а тоа е патот кон себе си . Сега кога се стои , човекот се пронајде себе си.Тој човек сум јас , тој човек си ти , тоа сме сите ние. Да веруваме во подобро утре , да го градиме патот кон доброто , а веруваме во нашата цел и никогаш да не го погрешиме патот . Да уживаме во сонцето , да уживаме на дождот , да се смееме и да се подржуваме едни со други.Црнилото може да го победиме само со светлина.Знам дека доаѓа подобро утре , но да не го загубиме она што го имаме денес , бидејќи тоа што е денес никогаш не може да стане утре.Кога се околу стои , ние никогаш да не застанемо со творење , читање , запознавање на нови ликови , да патуваме со книгите , да осознаваме и да учиме секој ден.Кога се околу стои ние можеме да ги погледнеме работите од друга перспектива , каква до сега не сме имале можност , може да се посветиме на нештата за кои не сме имале време или пак не сме ги забележувале , гледајќи во далечина.Да ги пуштиме своите мисли и како птици да одлетаме во подобро утре.Јас верувам во моќта на човекот . Да се чуваме денес , за подобро утре. Јас верувам во човекот , верувај и ти.

 

+45