[Литература] Максим Костадинов – VII одд.
Што ме движи кога сé стои?
Да се движиш напред без назад да гледаш,
да сонуваш гласно,
да навиваш страсно.
Желба на срце,
мисла во глава,
знаењето отвора и железна брава.
Амбиции врели,
чекори смели,
и успехот и неуспехот се вреднува и дели.
Кога сè запира и стои,
сè што значи се брои.
Човекот човечноста ја бара и крои.
А животот не запира и тече,
безброј приказни со себе влече,
во нив и по некоја рана што пече.
И надеж извира и тлее,
на изморено лице убаво му стои да се смее
и студот бара сонце да го згрее.
И така продолжи да се движиш,
за саканите да се грижиш.
Широко отвори очи, немој да мижиш,
иднината е во рацете ваши,
сите да бидме горди на успесите наши!
+79