[Литература] Маја Јакова – IV година
,,Што ме движи кога се стои?’’
Светот во кој што живееме и Земјината топка навидум се во состојба на мирување во изминатиот период, но тие се во движење како никогаш до сега. Во светот се случиле и ке се случуваат непосакувани работи како на пример пандемијата која ни се случува и од која светот помина низ тежок период, но тој период е само една сезона која има за цел да не науче многу работи за животот, колку е вреден нашиот живот и животот на луѓето што ги сакаме, но и на луѓето што никогаш не сме ги запознале ниту пак виделе.
Кога навидум се стои, ние сме тие кои треба да се движиме кон целите кои ги имаме, целите за подобро утре, за мирот и почитувањето помеѓу луѓето без разлика на нивните предности и недостатоци. Сите сме дел од едно нешто и треба да размислуваме и делуваме на тој начин. Кога во светот се стои тоа е знак дека можеби и ние треба за миг за подзастанеме и да размислиме во кој правец се движиме, дали е тоа правиот, добриот и моралниот пат кој ке придонесе среќа во нас, а со тоа и среќа на луѓето околу нас.
Голем број на активности се прекинати во периодот на пандемија, но тоа не ги застанува луѓето со големо срце, пожртвуваност да направат добро и помогнат на луѓето на кои тоа им е од најголема потреба, На пример, на децата со посебни потреби. Тие деца имаат најголема потреба од грижа и толеранција, а за тоа ние сме тука да им помогнеме и да се потрудиме да им го подобриме нивниот живот со соодветни средства, во зависност од можностите, да почнеме од најскромните. Една убава насмевка и неколку добри зборови можат да го осветлат денот на едно дете кое има обратен став кој животот, има и големи шанси да го смениме неговиот начин на размислување и поглед кон светот, а со тоа и неговиот живот во многу подобро светло, за кое ке ни бидат благодарни целиот живот. За промена е потребно малку, доволно е само да се промени начинот на размислување и нивниот живот добива рајска светлина.
Во денешно време насекаде на светот сме слушнале за неправдите кои им се случуваат на луѓето, од страна на нив самите поради недоволните информации кои ги поседуваат, од страна на државите во кои живеат и слично. Правдата се постигнува лесно, начинот е донесување на праведни луѓе на позициите кои се одговорни за тоа. Кога нашата колективна свест ке го достигне нивото дека сите сме под исто небо и праведноста е право кои сите треба подеднакво да го уживаат. Луѓето кои се неправедни, често се и несреќни. Тие тоа го знаат, но ретко кој би го потврдил. За разлика од нив луѓето кои се праведни, имаат насмевка на лицето и мирен сон. Одбери да бидеш праведен и среќата секогаш ке биде на твоја страна!
Солидарноста во време на кризна состојба е најбитна! Тоа значи дека доколку некој настрадал за време на таа криза, а ти си во состојба да му помогниш, треба да го направиш тоа. Колку повеќе имаме солидарност едни кон други, толку побрзо ке испаднеме од кризната состојба и ке стекнеме повеке пријатели на кои сме има го спасиле животот и обратно. Секогаш кога гледаме на некој дека му е потребна помош, треба да размислиме само едно нешто, како би ни било на нас самите, доколку би биле на негово место и дали ако сме на негово место би посакале да сме на наше место и да можеме да си помогниме? Одговорот секогаш ке биде да! Ако сме на негово место ке сакаме да направиме се да се спасиме, но во тој момент понекогаш лугето немаат можност да го направат тоа и им треба помош. Правиот начин, методологија и размислување на проблемот ке не донесе до логички заклучок и право решение. Решение кое ке биде добро за нив, а и за нас себеси. Тоа ке не направи подобри луге и ке се искачеме скала погоре во нашиот карактер. Ке си ја загарантираме една од најглавните особини кои може еден човек да ја поседува и ке бидеме горди на нашиот успех, а тоа е солидарноста.
Да се биде солидарен има една пречка која понекогаш се појавува, но која мораме да ја отстранеме. Тоа е дискриминацијата. Доколку сме решени да му помогнеме на некој, тоа не треба да биде поради тоа дали тој/таа ни се допаѓа како изгледа, како се облечени, каква боја на кожа имаат, која религија се и слично. Сите сме еднакви! Едкавноста, праведноста, солидарноста, толеранцијата, недискриминацијата и слични прави човечки особини морат да бидат заедно. Доколку го има едното, но го нема другото, тоа е знак дека делото не е направено со чиста и искрена намера, но е направено за некој наш интерес, алчност и лажна добрина. Тоа не треба да биде во никој случај правиот пат и лице на нашиот карактер.
Дискриминацијата е знак на недоволна свест кај некои луге кое предизвикува поделба, проблеми, омраза и многу други негативни ефекти. Се додека ги гледаме надворешните фактори на лугето, кои патем никој не ги одбрал сам, ке имаме недоволно разбирање меѓу нас самите, а со тоа и проблемите кои следат. Ние можеме да одлучиме како ке се однесуваме, но не можеме да го смениме тоа како изгледаме, на кое место сме родени и какви се нашите родители. Лугето кои имале искуство на дискриминација, доживеале психички и душевна болка, заради нешто за кое тие немаат никаква вина, а тоа може да предизвика тие исти луге да го сменат својот ..добар’’ карактер и да преминат на другата страна, односно да почнат да се однесуваат лошо. Тоа нивно однесување може да се одрази преку насилство, непочитување на законите, фамилијата, врсниците, но често се одразува кон лугето кои придонеле до таа нивна промена, а тоа во целина претставува круг кој постајано ке се врти и никогаш нема да има крај. Треба да одлучеме да одиме по правиот и правилниот пат секогаш, колку и да е тешко тоа! Тоа е начинот да не се прават нови кругови на повторување на негативните страни на карактерот на една индивидуа. Најдобро е да се прават нови правци кои ке водат до среќа и мир во општеството и меѓусебно разбирање и почитување.
Ако кон некого се однесувате според тоа што е, тој ке остане таков каков што е. Но ако се однесувате кон него како што би требало и би можено да биде, тој ке стане таков каков што би требало и можел да биде.
Секој ден човек треба да слушне барем една добра песна, да прочита барем една поема, да види убава слика и ако е можно, да каже неколку разумни збора.
Животот им припаѓа на живите и тој кој живее мора да е подготвен за промени!