[Литература] Леонтина Костовска -III одд.

Што ме движи кога сѐ стои?

 

Гледајќи го синото небо,

слушајќи го птичјиот глас,

лежејќи на тревата сјајна,

се запрашав нешто јас.

 

,,Што ме движи, кога сѐ стои?”,

бидејќи светот не е место на бои,

тој може да е суров и темен,

и затоа се водиме по нашиот верен ремен.

 

Така јас лежејќи и мислејќи,

сфатив дека одговорот бил во мене.

Мене ме движи имагинацијата

и довербата во самата себе.

 

Мојот животен пат,

моите сонови и авантури,

јас ги пешачам сама,

кога никој не е тука да ме држи.

 

,,Ти си твојот најдобар пријател,

таа што ќе те крене кога ќе паднеш,

таа што ќе те води по вистинскиот пат,

иако во момент не можеш да го најдеш.”

 

Ова ми го велеа постарите,

луѓето кои за животот ме учеа,

но сега сфаќам дека тоа во себе

крие една важна порака.

 

Животот ми се смени во тој момент,

тогаш сфатив дека јас имам скриен талент,

јас сум мојот верен животен водич,

што ме движи кога сѐ стои.

 

 

+2