[Литература] Ива Смиљковска – V одд.
ШТО МЕ ДВИЖИ КОГА СЕ СТОИ?
Што ме движи кога се стои?
Тоа што позитивна мисла постојано имам,
Од сите страни убавините да ги примам.
Ме движат и самодовербата, мудроста, мотивацијата и креативноста моја,
Ете така можам да го гледам светот во различна боја.
Да дарувам љубов и виртуелни прегратки да ширам,
Во светот пријателства да збирам.
И кога некој стој ќе ти рече,
Животот знај и понатаму тече,
И никогаш негативна мисла, не смее да те влече!
Кој што сака нека вика,
Од моето лице во секој миг ведрина блика.
Ги гледам во огледало и под маската моите кафеави очи,
А од нив сјај како бисер се точи.
Сакам овој свет да биде испреплетен со љубов и секој да се сака
Ете само така ќе има напредок и нема никому да му е мака.
Сите да живееме во хармонија, толeрантност, солидарност и слога
Таа благодарност ни е дадена од Бога.
Од нашите срца смо добрина да зрачи
И ништо во животот да не не мачи!