[Литература] Естира Кужава – I година

Подвиг на срцето

 

Во еден миг ненадејно сè се смени,

целиот свет ко Помпеја се скамени.

Но изгрејсонцето одново се раѓа пак,

часовникот продолжува да чука тик-так.

 

Ко времето што не може да сопре,

срцево продолжува силно да гори.

Преплетено со огнот од љубов и надеж,

смело да се движам напред ми говори.

 

Ко поинаква мисла по запирката,

приказнава ќе има втор, спротивен дел.

Срцево не ми дава да се откажам

и да не ја остварам саканата цел.

 

Глетката дека конечно сите заедно

си помагаме како да сме едно,

ми ја зголемува вербата дека

единството е нешто највредно.

 

Дека само вака сплотени, набргу

ќе ја надминеме пречката што не кочи

и понатаму само насмевки и радосници

ќе ги красат нашите лица и очи.

 

 

 

 

 

+105