[Литература] Елица Латиновска – VIII одд.
„ Што ме движи кога сè стои?“
Во животот ќе поминеш низ многу работи. Многу ќе научиш, но и ќе погрешиш. Ќе доживееш многу незаборавни авантури и дружби кои никогаш нема да ги заборавиш. Секогаш кога ќе се спомне некој настан ќе се сетиш колку незаборавни авантури и дружби си доживеал и дека уште ќе ги доживуваш. Исто така многу пати ќе поминеш низ лоши работи, мигови, ќе исплачеш многу солзи кои нема никогаш да ги заборавиш. Ќе се случи и некој да ти го скрши срцето неколку пати, ќе се појават уште многу такви кои ќе сакаат да ја направат таа грешка како што ти ја направил претходниот. Но знаеш што е најдобро? Дека ја научи лекцијата, ако ти се случи втор пат, затоа што животот е пред тебе и те чека да го продолжиш иако знаеш дека сè околу тебе е како замрзнато, како сè да стои во едно место и не се поместува.
Многу научив до сега и знам дека уште ќе учам до крајот на мојот живот. Многу пати сум била излажана од моите другарки и другари, но им простувам и вие треба да го правите тоа бидејќи знаеме да направиме сите грешка еднаш, но не и повеќе тогаш тоа веќе не е другарство. Mе насмеаа многу пати, ме расплакаа, ги почитував, но ме скршија, ги гушкав и имав доверба во нив, ме нападнаа. Ви благодарам многу бидејќи ме направивте посилна отколку што сум била, но не заборавајте дека има три особини на луѓе во животот: оние кои ти помогнале во многу тешки денови во твојот живот, оние на кои не им е гајле и те напуштиле во најтешките моменти и оние кои се криви за состојбата во која се наоѓаш сега или си се наоѓал. Но знај дека треба да продолжиш по својот пат со крената глава. Може да се каже дека иако сме деца знаеме да ги цениме луѓето додека ги имаме околу нас, бидејќи кога ќе ги нема не можеме да ги вратиме. Ние сме деца и животот едноставно си го замислуваме како бајка: безгрижна, полна со среќа, радост, смеа и виножито во секакви весели бои, но ете не е така а колку би сакала да беше. Многу деца од мали нозе работат по полето или пак се сиромашни и последното парче леб ќе го поделат со тебе без разлика дали се сити или гладни и оние со голема болка од губитокот на еден родител или пак они кои се оставени во дом од страна на своите безчувствителни родители. Тие знаат да го ценат своето а да го почитуваат туѓото без љубомора и омраза.Тие имаат поголема болка од нашата бидејќи се оставени на цедило за да се снајдат како умеат и знаат самите. Треба сами да заработат и сами да се школуваат за да имаат успех во животот. Тие почнуваат од нула и си градат кариера без никаква помош, градат кула и се осамостојуваат од мали нозе и повторно ти помагаат бидејќи ја имале истата болка како што си ја имал и ти. Нив ги движи храброста во животот и упорноста дека ќе успеат понатаму. А има некои кои имаат сè и повторно не се задоволни од свите родители за она што им го пружаат туку бараат уште повеќе и не се наситни, многу се љубоморни, разгалени и не знат за бртска делба и среќа, што не се сами и имаат кров над главата. Можеби ќе сфатат со текот на времето и ќе станат добронамерни луѓе. Има и деца кои си го изгубиле едниот родител како мене и најстарото дете ја има одговорноста на своите брат и сестра и му помагаат на својот родител колку што можат да му помогнат. Но знаејќи дека не можат да го заменат тоа место на еден родител и знаат дека да се чуваат деца е многу тешка задача, тие сепак се трудат. Иако ќе се грижат да бидат најадени, напиени, да се чисти и облечени и ќе се трудат да ги насочат на добар пат во животот, нивното детство ќе заврши рано бидејќи ќе се грижат како возрасен човек за своите брат и сестра. На плеќи ќе ги носи грижите за семејството и распарченото срце. Ќе поминат денови, месеци, ќе поминат и годишните времиња ама знаеш што, болката во нив не поминува ниту ќе помине, таа станува сè поголема. Многу солзи ќе проплаче, ќе излие но не може да се врати повторно а колку би сакала да можеше. Но знаеме дека секогаш сè до нас и нè гледаат во најтешките моменти и во највеселите моменти, но не можеш да ги вратиш колку и да ти фалат бидејќи сум ја поминала таа болка и не можам уште да ја пребродам иако поминаа две години и шест месеци. Ни фалат допирите од нив, ни фалат зборовите кои ни ги кажувале секој ден, ни фали нивната преслатка насмевка, нивното лице блескаво како сонце, ти фалат изненадувањата од нив, ситниците, карањето. Ти си замина бидејќи мораше а јас останав. Тие погледи мили и среќни, топлата, милата и безгрижна прегратка никогаш нема да ја заборавам. Нè боли признаваме, нè боли да ве гледаме како ве губиме, нè боли што чекаме да ве заборавиме, да си замине болкава ама ете не можеме да бегаме од реалноста. Некое време ќе се чувствуваме како времето да стои ама за твоите најблиски се движиш напред бидејќи животот продолжува, но не како порано ама сепак продожува. Доцна сфатив дека секој поминат момент со нашите најблиски е многу значаен бидејќи денес ги има утре можеби не и треба да сме благодарни бидејќи уште можеме да живееме. Без разлика на ситуацијата во која се наоѓаш моментално или си се наоѓал, многу деца поради смртта на родител биле избегнувани или ги избегнуваат. Низ овој „булинг“ сум минувала и јас. Мојата движечка сила беше моето семејство, другарите или силата која ја добив откако почина мајка ми но можеби е сосема нешто друго, како мотивацијата да продолжам. Сеуште стоиме во мигот кога почина нашиот родител, но ете продолжуваме со насолзени очи. Многу разсмислувам што ќе правам понатаму во животот откако почина нашиот родител во тој миг мислиме дека сме сами без никого но не е така. Мислиме како никој нема да сака да се дружи со нас а сите ни пружаат поддршка тоа е најсилно нешто што нè движи додека сè стои. Јас имав голема поддршка од моите другари за да пребродам и сум им многу благодарна, бидејќи без нивна помош не би била толку силна личност како што сум сега. Затоа не треба да се срамите дека сте изгубиле некој близок како што е родителот, иако не ви е сеедно не можете постојано да бегате од вистината и да стоите во место, криејќи се позади минатото но затоа се тука вашите блиски кои ќе ви помогнат, вашите другари, инаетот дека ќе успете да пребродите и ветувањето дека ќе пребродиш. Срцето е скршено на парчиња, полека ќе се спојува но ќе остане делче кое не можеш да го најдеш, со кое ќе не можете да заборавите на болката и ќе се сетиш на поддршката која ти ја пружеле твоите блиски и насмеј се, продолжи бидејќи и тоа го сака твојот родител кој те гледа од небото и се радува што си пребродел и ќе продолжиш од каде што си застанал. Не се обвинувај дека не си посветувал доволно време со својот родител, не, не е точно, сето време што сте биле заедно, секој миг тоа е поминато време на кое ќе се сеќаваш до крајот на својот живот со намевка на лицето. Единствено нешто што ќе ве движи ќе бидат твоите најблиски кои ти помогнале да пребродиш, другари ,твоите брат и сестра кои те движеа додека ти стоеше и немаше сила да продолжиш и се криеше позади старите спомени,бегајќи од реалноста и вистината. Затоа биди јак, упорен и храбар и ќе пребродиш иако нема да заборавиш сè што ти се случило, ќе продолжиш поради себе и поради другите.
И јас ќе продолжам.