[Литература] Давид Дамјановски – I година

ШТО МЕ ДВИЖИ КОГА СЀ СТОИ

 

 

Што ме движи кога сѐ стои

Кој ли сега деновите ќе ги брои

 

Овој вирус ме затвори дома

Цело време сум како во кома

 

Наместо да одам, да шетам

Везден мислите си ги плетам

 

Сакам надвор, сонце да ме пече

А не времето пред телевизор да ми тече

 

И се надевам некој ќе најде лек

Па ќе се радуваме навек

 

Да сме сите здрави и стројни

А деновите долги и бројни

 

До тогаш книги и песни ќе редам

И омилените серии ќе ги гледам

 

Со надеж, за крај на пандемијата да слушнам

Да излезам и светот да го гушнам

 

 

 

Давид Дамјановски 1

 

+3