[Литература] Дафина Здравковска – VI одд.
„Што ме движи кога сѐ стои?“
Кога светот и сѐ околу него ќе застане, ќе запре
мене ме движат мислите кои живеат во мене внатре.
Кога светот ќе стои и кога ништо нема да се движи
можеби самотијата со мене ќе се зближи.
Но тука ќе бидат надежта и соништата за да ме придружуваат
и спомените од минатото да ме задржуваат.
Сѐ она што сум го зацртала во мојата глава, можеби ќе ме поттикне, ќе ме води
и можеби повторно надеж во мене ќе вроди.
Можеби покрај сѐ она што ќе стои
нема да разликувам дали е вечер или в рано зори,
мојата упорност да продолжам понатаму ќе ми збори
и понатаму верно за рака ќе ме води.
Сонцето повторно ќе грее,
птицата повторно за својата слобода ќе пее,
светот повторно ќе се движи,
во мене ќе згаснат сите омрази и грижи.
И ќе воочам дека за сето тоа време,
јас која сум се трудела најмногу за себе,
за да стане подобар човек од мене.