[Литература] Ангела Арсоска – VIII одд.
“Што ме движи кога се стои”
Си се запрашал ли некогаш
што те движи секогаш
кога си тажен или среќен
во душата весел или темен
Јас ќе набројам фактори пет
кои според мене го движат цел свет
ако не се сложиш нема да ти судам
ама јас со овие пет мисли се будам
Љубовта кон семејство едно,бесценето и вредно
Љубовта кон другари единствени,а не лажни и таинствени
Љубовта кон животот во моиве очи
Кој некогаш ме турка напред,некогаш ме кочи
Амбициите кои во крвта вријат
за да нема тајни кои се кријат,
упорен биди твојот успех секој нека го види
со твојата светлина пријателите осветли ги а непријателите ослепи ги
Правда која денес за жал,е како извалкана со кал
секој богат може да ја купи,додека талентираниот губи
ама што и да биде овој молив не го оставам
и тетраткава нема да ја запоставам
Успехот неостварен чека
се ќе биде лека-полека
глава потпирам на перница мека
додека римиве ги редам
Петтиот фактор на вас нека остане
Секој зад својот став нека застане
Трудот секогаш ќе се исплати
Ова нека ти влезе в’глава
Разликата е голема,линијата не е тенка
Ова е песна на една осмооделенка.