[Литература] Ана Јанческа – VI одд.
ОРКЕСТАР
Што ме движи
кога сè стои?
Прашање е лесно
да се одговори.
Ме движат музиката
и добриот звук и ритам,
на училишниот оркестар,
во кој онлајн свирам.
А оркестарот…
Немања на виолончело,
Арбен и Јилдиз на виолина,
а јас и Татјана,
на гитара и мандолина.
Нотите не поврзуваат,
нас и нашите различности,
не прават еднакви,
рамноправни, исти.
И така, свириме за животот,
уживаме во младоста,
мелодија омилена ни е,
„Ода на радоста”.
+24