[Литература] Алекс Сиљаноски – II година

Што ме движи кога се друго стои?

 

Вирус. Страв. Немир.

Како се да застана

Маската на лицето ја сокрива тагата,

но бунтот во срцето не престанува.

Ги гледам сликите, јас со другарите.

Собир кај викендицата.

Надвор ладно – внатре топло.

Ечи музиката, а пламенот во каминот трепери.

Создаваме спомени на една младост.

Сакам дружба сакам, сите да ги прегрнам.

Не, несмеам. Морам да се воздржам.

За мое добро и доброто на сите.

Да љубиш од далечина,

Да помагаш притиснувајќи ги емоциите,

да се насмевнуваш без да покажеш насмевка.

Зошто? Зошто овој кошмар стана реалност?

Марионети сме, а конците ги држи вирусот.

Но јас неможам да го дозволам тоа.

Најдов начин.

Звуците на моите омилени песни

го испраќаат овој кошмар од моите мисли.

Слушам, а пилето на неджта започнува да пее со мене.

Надеж дека ќе пребродиме.

Надеж дека ќе дојдат поубави денови.

Надеж дека повторно ќе заживеам

како што ми сака срцето,

како што ми љуби душата.

 

 

 

 

+33