Изработена веб страна за хуманитарната иницијатива Донирај компјутер

Учениците од втора година изработија веб страна за хуманитарната иницијатива „Донирај компјутер“. Поттикнати од потребата за дополнителна опрема за следење на online наставата, со желба да помогнат и да бидат општествено одговорни кон сите деца, учениците решија да се приклучат на иницијативата „Донирај компјутер“, преку создавање на веб страна. Учениците преку настава се стекнаа со знаења и вештини за WordPress и одлучија да ги искористат на реален проект. Страната е направена со надеж што повеќе луѓе да дознаат за оваа иницијатива и да се приклучат на истата. Заедно да измамиме насмевки на лицата на сите деца во нашата земја!
За да ја погледнете страната и да се запознаете дополнително со „Донирај компјутер“ – https://donirajkompjuter.mk/
Голема благодарност до Матеја Вуковојац, Марија Литвиненко, Марија Соколоска и Андреј Бубалов од втора година за дополнителниот напор и труд што го вложија во овој проект.