Едукативен центар Алгоритам организира летни целодневни работилници
Едукативен центар Алгоритам организира целодневено летно училиште за основци. Програмата е наменета за деца од 7 до 15 години и ќе се изведува во групи од максимум 15 деца, поделени според возраста и тоа:
- ученици од 7 до 9 години
- ученици од 10 до 12 години
- ученици од 13 до 15 години
Наставата ќе се одвива секој работен ден од понеделник до петок од 8:30 часот до 16:30 часот со вклучен оброк.
Начин на организација
Секој ден се опфатени различни наставни предмети и содржини, а предавањата ќе се одржуваат според финска методологија во современо опремените простории на ПСУ „Алгоритам центар“.
Предности на финска методологија:
- Мали групи
- Учење преку практични примери, проекти, соработка
- Индивидуален пристап
- Развивање на таленти
- Комуникација и достапност
- Дигитализација и користење на најсовремени технологии
- Демократичност во наставата
Дел од активностите кои ќе се опфатат:
- Работилница за роботика
- Летање и програмирање на дрон,
- Работилници за графички дизајн (изработка на постери и логоа)
- VR очила со едукативни содржи по предметите географија, биологија и англиски јазик),
- Работилница за електронска музика
- Часови по гитара
- Часови по фотографија
- Дебатен клуб
- Ораторство
- Кретивно пишување
- Спортски активности (танц, пилатес, јога)
- Спортови во тимови
- Експерименти по природни науки (дисекција, создавање сапуни, ботаничка градина)
- Друштвени игри
- Рекреативни активности во природа
- Работилници за прва помош (во соработка со „Црвен крст“)
Рок за пријавување: 10-ти јуни 2022 година
Почеток: 13-ти јуни
Цена: 4700 денари/неделно (минимална уплата за две недели)
Контакт информации:
e-mail: info@algoritam.mk
Телефон: 076/339-428
Адреса: ул. „Даме Груев“ бр. 16, БЦ Палома Бјанка, 6-ти кат, 1000 Скопје
Податоци за уплата:
- Име на примач: Едукативен центар Алгоритам;
- Банка на примач: Комерцијална банка;
- Цел на дознака: Летни работилници;
- Жиро-сметка: 300000001009418;