КИНОФЕСТ АЛГОРИТАМ 2020

УЧИЛИШТЕН ФЕСТИВАЛ НА КРАТКИ ФИЛМОВИ

Гимназијата „Алгоритам“ распишува:

НАГРАДЕН КОНКУРС

за изработка на краток филм

Право на учество имаат сите ученици од основните училишта во Република Македонија.

Правила за пријавување:

  1.  Учесниците на фестивалот можат да учествуваат со филмови во кој било жанр;
  2.  Темата на фестивалот е „Учам за да знам“;
  3.  Изработениот краток филм може да има еден (1) автор;
  4.  Филмовите можат да бидат снимени со видео камера, мобилен телефон или фото-апарат;
  5.  Секој автор може да испрати најмногу два (2) филма;
  6.  Снимениот  материјал  треба  да  биде  оригинален,  да  не  ги  прекршува  начелата  на авторската сопственост и да не повикува на насилство и нетолеранција;
  7.  Времетраењето на филмовите да не е подолго од 7 минути.

Краен рок:

27-ми април 2020


Изработениот краток филм да се достави до Гимназијата Алгоритам“ на ЦД/ДВД/УСБ, заедно со следните податоци:

  • Наслов на филмот
  • Име и презиме на авторот на филмот
  • Адреса
  • Контакт телефонски број
  • Училиште
  • Возраст/одделение
  • Име и презиме на менторот

Адреса на која треба да се достави проектот

Гимназија „Алгоритам“

ул. „Даме Груев“ бр. 16, БЦ Палома Бјанка, 6-ти кат

1000 Скопје

Со назнака: КИНОФЕСТ АЛГОРИТАМ 2020


 

Сите пристигнати кратки филмови ќе бидат достапни на интернет страната на Гимназијата „Алгоритам“.

Најдобрите кратки филмови ќе бидат наградени, а наградите за менторите и учениците свечено ќе бидат доделени во просториите на Гимназијата Алгоритам“.


Контакт за дополнителни информации:

проф. Павлина Бучевска

тел: (02) 3116-750  /  076-339-428

e-mailinfo@algoritam.mk

pavlina@algoritam.mk