[Литература] Петар Ѓорѓиев – IX одд.
Што ме движи додека стојам
Секој од нас се надева на нешто подобро, зарем не? Знам. Секој од вас го мисли тоа. Го мислам и јас. И јас постојано го велам истото. Сила која е посилна од силата која не не пушта да се движиме додека стоиме во место. Сила, која е посилна од силата која допринесува нашите мисли да забледат и да потонат во темното дно, но да не допуштиме. Паа…..Здраво,моето име е Петар. Живеам во населба Чашка. Можам да кажам дека не е идеално место, но, јас не сум тој што треба да одлучува каде ќе живеам,ова е родното место на моите родители, мое право е да го почитувам и да го сакам,бидејќи тоа е нештото што ме прави поразличен од сите, иако никој на овој свет не е ист. Мојата мајка ми кажа неодамна многу паметен совет: ,,Никогаш не понижувај,и не коментирај кој што носи, од каде е и што работи. Секој носи тоа што има, секој живее таму каде што треба и работи тоа што сака”. И навистина, во право е. Живеј го животот како што ти сакаш, другарувај со луѓе со кои ти сакаш и што тебе ти одговараат на душата, што ти носат радост во душата, што те исполнуваат со среќа и кога цел свет ти е срушен пред твоите очи. Никогаш да не гледаме дали некој има згодно тело, убаво лице за да другарува со тебе. Убавината е минлива, но внатрешната убавина која ја поседува секој поединец, не може да биде минлива. Не е кармин за да може да се избрише со марамица, но доволно едноставно за да може некој да ја уништи, наполни со гнев и непотребни и несакани работи кои ќе допринесат избледување на добрината во нашата душа. Најбитно е да бидеш свој и да не се срамиш од каде доаѓаш, без разлика дали облеката на себе е маркирана или дали старите патики од твојот брат сега ги поседуваш. Никој воопшто не треба да го засега тоа, остани таков каков што си, само заблагодари се на луѓето што се до тебе и кога ти е најтешко, кога низ лицето ти течат река од солзи и кога си најсреќен и кога се смееш најгласно од сите. Тука сме за да се насмееме додека живееме, што ќе добиеме со тоа што ќе се нервираме еден со друг,караме,изневеруваме? Едноставно,зборовите се мали за да опишеме колку малку треба за да нацрташ насмевка на едно човечко лице. Јас ќе се заблагодарам на моето семејство,бидејќи тоа е нештото што ме движи додека стојам, тоа е нештото што ме турка напред кон целта и кога не можам да го видам патот до целта, што ми дава поддршка и кога сум најслаб и што ме прави среќен и кога сум тажен.Моите родители ме научија на најглавните вредности во животот на еден човек. Ме научија дека не мора секој човек да биде лекар,адвокат,одличен ученик. Едно нешто што секој човек треба да биде во својот живот, односно ЧОВЕК. Во денешно време, сите сме луѓе но ретко кој е навистина човек. И затоа, тоа е единствената причина поради која го наведов тоа што навистина е важно во животот. Постојано ги занемаруваме работите за кои мислиме дека нема да допринесат некоја позитива во нашиот живот, но со тоа се уништуваме правејќи ги постојано погрешните работи. Донесуваме погрешни одлуки а потоа се каеме за последиците кои сами сме ги створиле. Секој од нас е свесен за тоа дека од грешките се учи, но не баш секој е свесен и доволно храбар за секоја погрешна одлука да ја има храброста која му е потребна да го надмине тој тежок период за да се издигне и да изгради подобра верзија од себе. Мајчините топли раце за ништо не би ги менувал на овој свет,снажната рака на мојот татко е најснажната рака што некогаш ја имам видено. Во тие раце тече љубов,родителска љубов, покрај крвта што тече во нивните вени,тече и љубовта што ни ја пружат неизмерно. Тие раце ме држат додека стојам во место, без тие раце јас не би бил тоа што сум денес, иако знам дека понекогаш е потребно сами да донесеме одлука која не баш секогаш ќе ја прифатат нашите родители и за која мислат дека е погрешна. Но, ништо не губиме додека не пробаме. Не можеме да учиме од грешките на нашите родители, потребно е да го вложиме сопствениот труд во сопствените, донесени одлуки. Друго нешто кое што ме движи додека стојам, можам да се наведам и самиот себе. Знаете, понекогаш кога се плашев да не згрешам, секогаш го правев она од кое се плашев. Понекогаш можеби беше погрешно, но се трудев да го сфатам како позитивно дело за да допринесам во подобрување на моите особини. Фантазиите ме движат додека стојам. Ме движат како го замислувам светот без непотребните работи. Дрога, криминал, искористување на добрината, омразата помеѓу нас, понижувањето и потценувањето. Понижувајќи ги оние за кои мислиме дека ние сме подобри од нив. Фантазијата во која длабоко тонам. Како светот ќе биде розев со прекрасна природа која нема да биде уништувана од луѓето, како таа нема да ни враќа нас со цел да сака да ни ја каже поуката која ние досега никогаш не успеавме да ја сфатиме во потполна целост и да започнеме да ја користиме пред нашите дела. Додека стојам, ме движат позитивните мисли со кои постојано се бодрам за да не се откажувам од тоа што сум го започнал. Со надеж на нешто подобро, некоја магија која ќе направи да исчезне целото зло во овој свет. Како е онаа изрека: ,,Надежта последна умира”,па и време е да си ја врежиме во умот и постојано да ја користиме. Понатаму, сакам додека стојам, да ме движи подобрувањето во целиот свет. Во смисла на тоа што секој од нас ќе се труди да помогне на спротивниот од нас, без да бара возврат и без истото да го очекува. Во смисла на тоа што НИЕ ќе го направиме овој свет да биде прекрасен, шаренило од прекрасни бои. Виножито. Нека добрината и сите позитивни ствари победат! Додека стоиме, нека не движи НАДЕЖТА КОЈА ПОСЛЕДНА УМИРА!