[Литература] Никола Васиљевски-lX одд.

Што ме движи кога сѐ стои

 

Што е тоа што

живост ни дава,

кога мислиш целиот свет

е под клуч и брава?

 

Што нѐ крепи кога

болката срцето ни го корне

и тежина над нас паѓа?

Една искра скришно тлее,

копнее и се раѓа.

 

Чудесна сила низ живот нѐ води

љубов името ѝ го дале,

без чекори се раздвижуваме

трепет и немир во мир сложуваме.

 

Што е тоа љубов?

Чувство да сакаш, да копнееш

и да се будиш,

да те лекува и омекнува

кога жедта за живот секнува.

 

Љубовта е таа, што нас

секогаш ќе нѐ движи,

со страст на една волчка

која за своите чеда се грижи.

 

Кога сѐ ќе стои и денот

заталкани мисли ќе брои,

љубовта светот ќе го смени

и нашиот пат ќе го промени.

 

 

 

+191