[Литература] Кристијан Вржалковски – VIII одд.

ШТО МЕ ДВИЖИ КОГА СÈ СТОИ?

Наслов со поставено прашање. Многу имагинативно, длабоко, возможно и да кажеме со повеќе опции. Лесно ќе ја покажеш бојата на своето размислување, креативноста и ќе се докажеш самиот себе си. И кога сè стои, тоа што никогаш нема да застане и тоа што може да не донесе до едно ниво во животот се емоциите, чувствата, мислите, намерата, креативноста, идејата и сето тоа што може да го складира нашиот мозок, ум. Сликата околу нас се движи, не движи и нас. Им доловува моменти на различни луѓе со различни карактери. Повторно ќе кажам мислите не движат, се поврзуваат и со таа постојана движечка слика и ни дава прилика ние да пропатуваме некаде сами, во мислите. Што мислам за таа слика? Дали ми се допаѓа? Како се чувствувам кога ја гледам? И тоа е движење, зарем не?

Кога сè стои, погледот кон нешто создава емоција. Емоцијата е психички процес. Многу подлабок процес од онолку колку што мислиме. Начинот на кој што јас создавам мислење за нештото, односот со тоа нешто е тоа што човекот го движи во момент каде што сè стои, така кажано. Едноставно кога седиш, мируваш и поминуваш еден нормален ден каде што си слободен, барем јас. Имам моменти каде што седам и размислувам. Станувам креативен. Како се да запира и ја погледнувам таа константна точка која што секогаш ме предизвикувала да кажам нешто или да размислам на нешто. Овој пат побудува чувство во мене и потреба дека јас треба да се изјаснам. Замислувам дека сум некаде, овој пат по невозможно меѓутоа момент кој што се случува. Сè стои. Имаш слика пред тебе. Ја разгледуваш и создаваш мислење за неа. Имаш и создаваш ставови. Работи врз кои што формулираш мислење. Врз основа на претходни и лични искуства. Заклучоци од нешто што сме го виделе и извлекле од придружните активности. Кога веќе ја споменав таа слика. Различен тип или карактер на човек различно би ја доживеал. Секој е со различни особини, ставови и нели сето тоа што го создава човековиот карактер. Нормално, постојат луѓе кои што се фокусираат на така наречената “голема слика”. Целата слика, не многу детално само одредени моменти и нешто впечатливо. А нормално присутни се и тие кои што се фокусираат на деталите. Ќе ја забележат дури дамката на сакото кое што го носел еден маж во моментот на тоа запрено движење. Целото ова прави некоја разлика и уникатност помеѓу нас луѓето. Се разликуваме според некои карактерни области. Во типот особини, навики или начин на постапување. Нешто што воопшто не нè дели. Напротив нешто на кое што можеш да се импресионираш. Нешто кое што не си го видел претходно. Но потои нешто кај нас во светот, нешто сурово. Некој вид на напад, зараза што мислам дека ја отстранува емпатијата кај луѓето. Се губи таа заинтересираност за нешто ново и сета таа возбуда. Како и да е. На крајот треба да бидеме свесни за еднаквоста помеѓу сите нас. Сите ние заслужуваме добро и исто. Луѓе сме, со истите права можеби со различни обврски меѓутоа почит си е почит. Може некој да не ти се допаѓа според неговото однесување. Тука единствено можеш да бидеш искрен и да дадеш еден пријателски совет. Оние разлики како што се раса, етничка припадност, националност, религија, убедување, пол, јазик или слично. Се разлики за кои не можеш да кажеш ништо, не смееш. Нормално е и мислам дека треба веќе тоа да го знаеме. Луѓе сме сите. Најважно е да се поддржуваме меѓусебно и заедно да се бориме. Ова се всушност неколку од работите кои што мене ме движат во случај кога сè стои. Сакам да набљудувам и да ја истражувам човечката психологија. Учам од сечија постапка и некако сето тоа мене ме движи. И лично, сметам дека треба да учиме и од споствените грешки како и од туѓуте. Многу сум заинтересиран и сакам сето ова да го знам убаво, во детали. Често пати сакам да се поставам на местото на другите. Да влезам под нечија друга кожа. Да им помогнам и да им докажам на тие некои дека не се сами во било каква ситуација и да се наоѓаат. Секако дека сите ние од надвор сакаме да даваме одлична слика за самите себе, често пати и за другите околу нас. Да се покажеме, зависи кој на каков начин. Лично, јас од секогаш сум сакал да се покажам себе си. Стојам секогаш за себе си и го покажувам вистинското во мене. Цел ми е од секогаш да ме памтат по тоа што јас го поседувам од внатре. На тој начин јас сакам да оставам впечаток. Не знам каква енергија и атмосфера давам од надвор за тие кои што ме гледаат кога ќе ги сретнам или поминам покрај нив. Меѓутоа знам и свесен сум дека секаков коментар може да ми се даде. Не ми пречи. Биди искрен и кажи ми или едноставно не зборувај. Денеска сите се опседнати со туѓото и не сме фокусирани на нашето и сето тоа што ние можеме да го презентираме пред другите. Кажав и на почетокот. Дозволиво е да не ти се допаѓа нечија постапка или однесување, но доколку некој не ти наштетува на тебе или било кој друг, а ти тоа го сведочиш. Едноставно игнорираш и продолжуваш со своето. Јас сум јас. Ти си ти. Вие сте вие или таа или тој е таков и за себе. Воопшто не е важно. Приватно е. Тој некој или еве јас, така сум одлучил. Така ми се допаѓа и тоа сум јас. Забележувам дека често на многу луѓе им е забрането да бидат свои баш поради јавноста и било каквите коментари. Реагираме во доследни обрасци и затоа треба да ги почитуваме, како и тоа да ги прифатиме изумите, постапките и моделите на другите. Секако да ги разбереме и сопствените. Постојано влијаеме едни на други, во различна форма, а важното е да се обидеме да откриеме што има таму? Под површината. А можеби и појасно кажано од внатрешноста на човекот. Доколку покрај тебе помине некој навистина успешен човек, со амбиции и некој кој што работи на себе и за себе. Зошто тој да не биде инспирација за тебе. Некој кој што ти докажува дека и ти можеш. Бидејќи сите ние започнуваме од нула. Зошто тој некој да не биде баш тоа. Пример за како треба, а не “предмет” за исмејување. Ваквите теми, каде што треба нешто јасно и во детали да напишам или кажам ми се многу интересни. Сакам да се изјаснам и да ја покажам целта па можеби и некого да инспирирам, мотивирам или слично. Кажав веќе претходно, сакам да знам сите што мислат? Како мислат? “Зошто тоа го мислат?” и дали навистина тоа го мислат или едноставно овој наш целосно испрограмиран свет им наметнал нешто. Сакам да набљудувам и мислам дека може да се забележи. Треба сите да набљудуваме и да ги забележиме сите начини или форми на размислување или однесување. Секако без да правиме претпоставки и заклучоци за кој што не сме сигурни или запознаени со истите. Тоа што човекот го носи од надвор и им го дава и прложува на околните. Одигрува многу мал дел во сето ова. Секој нов човек нека ни остава впечаток од тоа што ќе го каже, направи пред нас, како и најважното, како тој некој направил ние да се чувствуваме. Во моментот на неговото присуство.

Секако целото ова е мое мислење. Мои ставови и начини на кои што јас гледам кон работите. Научен сум дека едноставно сите сме еднакви со некакви плусеви и минуси. Со разлики кои што и не се баш драстични разлики. Мислам дека ако веќе постојам, јас имам некаква улога. Некаква цел и треба нешто да донесам. Овдека, кај нас. Дека треба нешто да презентирам и докажам. Знам дека се уште сум многу млад и свесен сум дека ги преувеличувам мислите. И дека можеби некои работи се прерано за да ги кажам, но сакам. Чувствувам потреба. Не велам дека само јас сум во право и дека токму вака треба, но за сега јас вака мислам. Уште на самиот почеток се изјаснив дека сето тоа што нашиот мозок може да го складира, запомни, види или пак нашето тело да го почувствува е сето тоа што во еден момент не движи, а сè друго стои. Мене емоцијата ме движи, мислите ме движат и сакам длабоко во себе некаде да патувам без физички да се поместам. Добрата намера ме движи. Идејата, креативноста како и чувството на возбуда да напишам или кажам нешто. Тоа сум јас, вистинскиот јас заедно со мојата моќ да бидам свој. А вас? Вас што ве движи кога сè стои?

 

 

+198