[Литература] Христијан Гочевски – V одд.
Што ме движи кога сè стои
Дефиницијата за движење ја совладав од мојот брат.Под казна имаше задолжение да ја напише во тетратака дест пати.Јас бев неговиот супер херој во тој момент.Му овозможив да се придвижи по нагорна линија по предметите за наредниот ден.Запишаната дефиниција гласеше вака:,,Движење претставува промената на положбата на едно тело,во однос на друго тело”. Светот да застане,а јас да се движам.Дали е тоа супер моќ?Не!Секој го може тоа.Како?Многу едноставно.Љувовта е таа која ни дава сила,не само да се движиме туку и да летаме.Постои љубов кон симпатија,татковина,природа,милениче…
Имам премногу љубов во себе.Таа за мене значи силна прегратка,внимание,почитување.Сите сме под исто небо.Сите го дишиме истиот воздух.Љубовта се шири како мирис на цвеќе.Се восхитувам на виножитото.Природата едноставно ќе ги помеша дожовните капки и сончевите зраци.Како краен производ на нејзината уметност се создава виножито.Љубовта и грижата за природата ми овозможуваат простор за прошетка на моето милениче.Секојдневно црпам енергија и од него.И за моето кученце имам огромна љубов.Личи на кадифена играчка.Седи мирно.Ја прима мојата љубов.Кроткото кученце се топи во моите прегратки.Љубовта му дава сила да го придвижува опавчето од радост.Малечко суштество е,но и тоа има право на топол дом,храна и љубов.На моменти размислувам дека некои миленичиња имаат поубави услови за живот од некои мои врсници..Полетувам до небото се чувствувам возвишено кога можам да им помогнам.Смалените алишта им ги подарувам.Размислувам и за децата кои се постојано врзани за количките со четири тркала.Моето почитување и љубов ми даваат сила и разбирање за нивна подршка.Им стојам на располагање за помош и друштво.Можеби ќе добијам една насмевка за благодарност.Но,тоа ке биде доволен подарок за мене,да ми даде сила за да бидам уште подобар.Бескрајно сум благодарен за моето здравје.Другарите се причина за движење.Вистинските другари се како детелина со четири листа.За да се пронајдат потребно е време и упорност.Откако ќе ги пронајдеме треба да ги чуваме како дијаманти ,бидејќи се ретки и скапоцени.Колку повеќе искрени и несебични другари имаме,толку сме побогати.За да пронајдам вистински другар треба и јас самиот да сум таков.Само со толеранција и прифаќање на различностите може да опстане едно другарство.Другарите се како снегулките.Сите се посебни на свој начин.Ме движи радоста дека сум член на нова активност.Таму имам можност да стекнам нови другари.Новите активности ја продлабочуваат мојата љубов кон книгата.Со секоја прочитана книга сум поблиску до освојување на светот.Енциклопедиите се храна за мозокот.Преку читањето успевам да влезам во друг свет.Денес сум посетил една,утре друга култура и цивилизација.Со помош на учебникот по општество и додатната литература се прошетав од Античка Македонија па до денес.Сега сум уште погорд Македонец.Го ценам жртвувањето на нашите предци кои се бореле за денешната слобода.Само со љубов можеме да го зачуваме и мирот.Тоа сите го поскауваме. Ако мирот исчезне…?Тоа е единственото прашање кое ме плаши.Ми влева страв во коски и ме движи по надолна линија.Таа мисла несакам да се задржува во мојата глава.Има работи кои неможеме да ги направиме самите.Но заедно можеме да го обоиме светот розево.Денот го започнувам со насмевка. Со знаењето што го добиваме од книгите стануваме помудри и поуспешни.Ме движи и желбата за учество на конкурси.Формулата за успехот е многу едноставна математичка операција.Се состои од собирање и множење на знаења.Со знаењето можеме да овозможиме здравје и мир во светот.Љубовта ниту се купува,ниту се продава.Таа или ја има или ја нема.Најголемото богатство е дома во нашиот дом.Тоа е нашето семејство.Нема поубаво чувство од тоа човек да биде сакан.Подршката и храбрењето што ги добивам од семејството се основната движечка сила која ми дава моќ за сите мои успеси.Освоените први места на натпреварите ми даваат крила со кои можам да полетам.Со семејното бодрење можам да ги освојам и планинските височини.
Често ги слушам моите родители кога кажуваат дека сиромаштија не е само да се биде гол,гладен и без покрив над глава.Да се биде без љубов и пријатели тоа е поголема сиромаштија.Тоа го разбрав изминатава година.Се чувствувам празно.Моите другари ги гледам само на онлаин наставата.Ми недостасуваат.Сакајки ги другарите добивам движечка сила за нови успеси.Ако ја промениме насоката на движење на нашите мисли,можеби и светот ке се промени.Ке му дадеме и на него сила за движење.Подадената рака, за возврат ни нуди нови другарства.Заедно сите можеме да создадеме вртелешка која ке го раздвижи и воздухот.Со ветерот ќе одвеат и нашите позитивни мисли и желби за мир и сплотеност.