[Литература] Николче Ангеловски – II година

Што ме движи кога сè стои?

 

Животот никогаш не стои во место. Постојано се менува. Се менуваат мислите, чувствата, се менува природата, сè се раѓа и умира. Променливо е како ноќ и ден.

Со други зборови секој човек има можност да го промени светот, но дали има секој храброст да го направи првиот чекор?

Можеби еден човек не е доволно моќен да го смени светот преку ноќ, но верувам дека може да придонесе нештата постепено да се менуваат. Големите промени започнуваат со мали и сигурни чекори.

Што ме движи кога сè стои во овој свет во кој сакам да живеам?

Синото езеро, за свет со чисто сино езеро.

Добрина, за свет свет без насилство.

Почитта, за свет без предрасуди.

Љубовта, за свет полн со толеранција.

Во свет без натпревари, желба и опсесија за пари и моќ.

Но, како јас можам да го променам светот кога сè друго стои?

Прво би земал еден ранет војник и би им го покажал на оние кои го испратиле да војува таму некаде… и би ги прашал:

Каква душа имате вие?

Сите ние сме луѓе некои црни некои бели, некои срамежливи, некои дарежливи, а други пак арогантни , но тоа не нè спречува сите да живееме заедно и сложно.

Овој свет е заеднички. Овој свет е наш.

Би направил свет без војни.

Небо без воени авони, преполна џунгла со сите животни што ќе царуваат во неа, без страв од лакомите ловци, трагачи по крзнo и скапа кожа кои немилосрдно убиваат.

Би ги штител, затоа што ги чувствувам како мои и водите на Нијагара и сите височини, широчини и длабочини во светот.

Би направил сите да се сакаме.

Да ги чувствуваме како дел од нас и луѓето и животните. И морињата и птиците. Мои се и Cонцето и Mесечината и Охрид и Лондон и Цариград и градот на тутунот и моето маало.

Сакам да направам сè, за да живееме во безгрижен свет.

Нормално е дека не можам сам.

Но, можам да бидам иницијатор за позитивна промена и сигурен сум дека барем еден човек ќе биде инспириран да го следи мојот пример.

Доволна е една мисла да се промени колективната свест на луѓето, еден збор, еден текст, еден говор, едно дело, еден пример.

Само да се сака и верува, затоа што ова е наше време, а иднината е во моите и во вашите раце.

Тоа што нè движи кога се стои е да бидеме промената којашто сакаме да ja видиме во светот!

 

 

+40