[Литература] Лара Денковиќ – II година
,,Што ме движи кога се стои?”
Велиме живот – но тој ни бега, велиме живеј – но тоа исчезнува, зошто е тоа така? Го живееме животот како да е без вредност, неограничен и бескраен. Живееме бесвесно, се до моментот кога ќе застанеме пред вратите на двете пресудни патишта, рај и пекол. Деновите празни, неизживеани, со исполнет дух туку проживеани без желба за сопствениот живот. Па тогаш зошто живееме, зошто постоиме ако не го сакаме тоа што ни е подарено? Зошто се уште чекориме, што е тоа што не спречува од ставање крај на нашата постоечка приказна? Имаме мотив, надеж? За што? За кого? Ќе кажеме, животот е вреден, но за кого? Има безброј луѓе кои не се ценат себе си, својот живот, своите способности, а ги има и оние кои се желни за живот, за помош, за рамноправност и почит. Се борат амбициозно да добијат се, по секоја цена. И кога кажам се, не мислам на материјалните средства на парите, на моќта, туку мислам на семејството, љубовта и почита. Тоа е нешто кое треба да не води во животот, нешто кое ќе ни стави насмевка на лицето и нешто што ќе ни ја исполни празната душата.
Стојам… Со вкочанет поглед, тело и мисли, не се движам, но времето ме движи мене…
Се прашувам, зошто живеам, кои се моите цели од овој живот? Големо прашање кое ми отежнува на душата секој ден, секое утро, секоја вечер.
Како сакам да го поминам животот ? Секојдневно се мачам да ги одговорам овие прашања, додека другите живееат без мака во секојдневна забава, игра, со насмеани и безгрижни лица. Јас седам меѓу четирите мрачни и празни ѕида и размислувам за тоа, кој сум јас и која е мојата улога на оваа планета. Мојата психа ги преовладува моите емоции, мојата глава полна со нејаснотии, но без решение. Книгата се уште е празна, но има што да рече, може да ги почуствува моите емоции, моите топли солзи. Книга која ја носи мојата приказна искажана преку навлажнетите страници. Се мачам да одговорам на збунувачките прашања во мојата глава, но не правам ништо, стојам во место, го губам времето од мојот драгоцен живот во потполна шуплина. Депресија, можеби млада, но во депресија, прекумерено размислување за нештата. Ваквиот живот може само да ми придонесе главоболки и мачнини, но не и резултати. И повторно нови прашања, што да правам сега? Каде да одам? Како да постапам? Повторно дилема. Сакам живот од фантазија, но не знам како да стигнам до таму, а времето тече и тече, иднината станува сегашност, а јас на истото место. Ја гледам неправдата на расизам кај луѓето од црна раса, на жени, на нивните способности, исмејувањето на познатите, поточно на сите и се прашувам, што? Што ги води нив во животот, како тие успеваат да го преживеат својот ден чиј живот е ставен на ризик, како тие знаат да се борат, од каде ја црпат таа сила, таа енергијата? Не сум до нив, не ги знам, но не е ни потребно, бидејќи ги гледам со моите затворени очи, ги слушам со моите затнати уши, а ги чувствувам со моето, празно, срцево отчукување. Ги пронајдов во мене, ја пронајдов нивната моќ, сила и душа. Ја пронајдов малата надеж која постои во нивните тела, за подобро утре, мотивација за нивно надоградување и желба за мирен и топол дом.
Е сега што е тоа што ме движи кога стојам?-Веќе го дадов одговорот меѓу испишаните редови, ме движи да живееам и да се борам за подбра иднина. Во мојот, се уште непочнат, живот се имам сретнато со голем број на навреди, шлаканици, солзи, неправди, но заклучив дека сето тоа ме прави само посилна и посигурна во себе. Тие жарчиња и искри ме поттикнуваат да чекорам напред по патот и да ги оставам големите бранови кои ми предизвикуваат само неред. Секако дека имам некој ден што ме оттргнува од патот кон врвот, но не се откажувам. Велат, направи илјади грешки, но не го троши времето на правење на истите, туку насочи го времето на учење од нив. Јас во животот сум правела, правам и ќе правам, уште многу грешки секојдневно, без разлика дали станува збор за мал или пак некој голем проблем. Секој прави грешки, дури и старите, но како ние се справуваме со нив е побитно, како ние се чивствуваме, дали веднаш ќе се откажеме или пак ќе стапиме во акција за да ги поправиме? Не можеме да го достигнеме врвот на совршенството без труд. За се е потребно само трпение и голем труд. Но, сега уште прашања, дали живееме за нас самите или и за другите? Дали живееме во туѓите животи или го живееме нашиот живот? Денешниве генерации, овој поглед го ротираат под погрешен степен, дозволија другите да кажуваат како да се однесуваш, како да се облекуваш, имаат коментари, а не мислат на твоето срце, на твоите чувства, на твојата чест. Прават да се чувствуваш лошо, да мислиш дека нивниот живот е прекрасен и те мамат, наивно, да посакуваш живот како нивен. Предизвикуваат да ослепиш, занемиш, оглувееш да не се чувствуваш себе си. Не ги гледаш веќе своите желби и сонови, не го слушаш твојот глас и не прозборуваш она што го мислиш, туку само му отежнуваш на твоето срце, го кршиш и станува разделено на безброј мали парчиња. Но зошто?-Зарем воопшто не го цениме нашиот живот, па го предавам на другите така лесно, дозволуваме другите да не контролираат и управуваат. Мојот поттик за живот, не е само да живеам за себе. Да, точно, треба да се ставам себе на прво место, но секогаш сум подавала рака на другите, секогаш сум била тука за нив. Го живеам мојот живот, живеам за себе, но живеам и за моите наследници, се борам за нив, за нивната иднина и не само за нив, тука за целиот свет. Но тоа нема да го направам лежејќи на мојот кревет и гледајќи во мојот телефон, па затоа секојдневно сум во акција и ги правам работите кои ме исполнуваат. Можеби невообичано, во споредба со моите врсници, но имам желба за работа и осамостојување уште од сега. Сакам да ја научам вредноста на животот и да го прикажувам во мојата галерија од уметнички слики. Сакам да оставам нешто зад себе кое ќе е вредно и ќе значи. Зошто моливот да стои на масата, кога може да пишува, зошто четките да стојат суви кога можат да бидат шарени во разни бои и да прават вистински чуда? Не сакам да живеат луѓето во оваа мизерија, можеби мојата борба е попуста, бидејќи сум во група од малкуте кои ги имаат овие желби и намери, но имам надеж дека ќе можам и ќе успеам да променам нешто. И повторно ќе имам моменти во кои ќе застанам, ќе се замислам, што понатаму? Но сега се движам со крената глава и насмевка на лицето. А во моментите кога нешто ќе ме закочи и нема да тргне по прав пат, треба да знам дека тука секогаш се моите блиски, мојата мајка, мојот татко кои секогаш ќе се тука за мене, за нас. Родителите се тие кои ќе ни ја подадат нивната топла рака, ќе не држат толку цврсто и никогаш нема да не пуштат. Тие се лек за се и единствено тие можат да не извадат од бездната полна со лудило и хаос.
Зошто го живееме животот кога никој жив не излегол од него? -Голем број на прашалници, а одговорот го нема, но постои желба за откривање. Претходно луѓето мислеле дека ние сме само средства кои што се должни да ги исполнуваат ,,барањата” на Господ. Подоцна прераснало во нови размислувања, каде човекот е вреден и се што постои на светот, всушност, е од него, а не од некој друг. Поточно тој создал се што постои околу него. Па таквите размислување се менувале уште од минатото, вредностите на луѓето се гледале од различни перцепции, зошто да не можат да се сменат повторно? Човекот е тој, ист бил и во минато и сега, таков ќе биде во иднината. Околината е таа што се менува и ги менува неговите размислувања. И можеби сега не можеме да го одговориме прашањето, но ако продолжиме да се бориме, унапредуваме и да го откриваме светот, ќе дојдеме до бараниот одговор. Но, главното нешто е тоа што не треба никогаш да дозволиме – времето да го носи нашиот животот. Да го пуштиме без да го почуствуваме ритамот на животот, животниот ветер кој некогаш не гали, а некогаш бурно не носи кон непознати етапи во животот. Некогаш е потребно да ги пуштиме сите конци, да полетаме со нашето срце како вејка на ветрот, за да можеме да ја сфатиме поентата на животот.