[Литература] Сара Томовска – VIII одд

 

Што ме движи кога се стои?

 

Сите ние сме луѓе кои поминуваме исти периоди од животот. Детството е оној период каде ние почнуваме да се дружиме, да се образуваме, да играме и растеме. Детството е периодот каде сите ние успеваме во она што го правиме. Каде и да отидеш, колку и далеку да заминеш успехот во образованието ќе биде секогаш со тебе. За да ја работиш работата од соништата и тука е потребен твојот успех. Многу сум размилсувала на вакви теми, колку е важен успехот и за што може да ти помогне. Животот е полн со изненадувања, не знаеш кога и каде ќе те одведе среќата т.е животот. Порано кога јас не сакав да учам многу, кога училиштето го велев дека е игротека за здодевност не мислев дека со успехот можам да достигнам за тоа што никогаш не сум ни очекувала. Мајка ми многу ме учела на тоа дека успехот те носи до безброј награди, те шета насекаде низ светот и дека успехот е моќ и сила за се.

Оваа година ми беше најуспешна. Во училиште во принцип сум одличен ученик, но не сум учествувала во проекти и конкурси. Минатата година се решив дека ќе бидам поуспешна од тоа што сум. Освоив безброј награди и дипломи. Тоа е прекрасно чувство кога си успешен и знаеш дека тоа што го работиш сега, дека секој успех што го постигнуваш еден ден ќе ти слиужи за иднина, за подобро работно место. Еве една фантазија. Да си замислиме сите дека еден ден овој свет ќе запре во едно време, за краток период. Околу тебе се сите пријатели кои ти се најверни, околу тебе е твоето семејство и поради тоа си пресреќен. Но еден ден те повикуваат да работиш некаде на коплетно и убаво место. Пред тебе се двајца кои гледаш дека не знаат ништо и им се смееш дека не знаат општи работи. Потоа ти доаѓаш, кажуваш се што знаеш, а со тоа добиваш големи пофалби и тебе те земаат за работник. Гледате ли колку е важно образованието и сетиот труд што ќе го вложиш во тоа. Гледате ли дека успехот и образованието ги отвара вратите за се, за секоја успешна позиција. Видете околу себе, успехот не е важен само за да те издигне и пофали некој, успехот што го постигнуваш е и за тебе. За тебе е за да знаеш основни работи. Јас си мислам вака, да не беше училиштето, да не одевме во училиште, дали ќе знаевме колку е два плус два или пак дали ќе знаевме што е фотосинтеза или пак дали ќе знавме што е приватност или пак сопственост? Не, немаше да знаеме ништо. Сите ние имаме сон, да отпатуваме некаде, на пример- мојата другарка сака да го посети градот Париз додека пак мојата братучетка сака да го посети градот Лондон, а јас сакам да ја посетам Италија, најмногу Рим поради вкусните пици и пастата. Како би заминале таму ако не го знаеме францускиот јазик за да заминеме во Париз или пак ако не го знаеме англискиот јазик како би заминале во Лондон и Рим? За да ги научиме тие јазици ни е потребно образованието, успехот и целиот вложен труд во тоа. Како би знаеле како да изговараме зборови од нашиот македонски јазик ако не одиме во училиште и не ја научиме граматиката на нашиот јазик или пак ако не би научиле што е акцент или пак ако не било училиштето дали би знаеле кои се основачите на нашиот македоснки јазик или која е нашата историја? Сите овие работи што ги знаеме сега се благодарение на нашето училиште и образование. Ние треба да бидеме најсреќните луѓе на светот бидејќи ние можеме да одиме и да учиме, да освојуваме награди и да бидеме најуспешни. Нашите родители сакаат да учиме многу бидејќи тие ни го мислат најдоброто за нас и нашата иднина. Сите што се возачи на автомобили, авиони, автобуси учеле и достигнале голем успех. Никогаш не е доцна за ништо. Некогаш и од грешките се учи. Но види, јас мислам дека е поубаво да учиш од грешките на некој друг, не од своите бидејќи тоа ти е за понатака во животот. Понекогаш ако имаш желба да направиш нешто, да успееш во нешто или да научиш нешто, не е потребна само желбата, потребен е твојот труд, но и желбата за да научиш да го правиш тоа. Јас имам желба да бидам архитект или доктор, ама кој ќе учи има многу за учење. НЕ! Тоа е погрешен замав. За да бидеш успешен треба и да научиш, како велат за се има прв пат. Маката за да ја исполниме нашата желба не треба да не сопира бидејќи има многу за учење. Прв пат поминуваш се и не се враќа, Многу пати јас сум ја користела оваа фраза:

– Сара, зошто доби ниска оценка?

– Па не сум само јас- велам- и другите добија ниски оценки и најдобрата ученичка доби ниска и што сега ништо страшно.

Нормално е да згрешиме и еднаш, два пати, па и три пати да добиеме ниска оценка, се случува сите сме ученици и нормално е, но не тоа да го земеме за секојдневна навика и рутина и не треба да се споредуваме со другите наши соученици. Секој што постигнува успех, секој што учи си прави за себе си постигнува успеси за себе. Јас си учам за себе, ти си учиш за тебе сите ние си учиме за нас бидејќи ние не можеме да се вратиме назад и повторно да учиме нешто штп сме испуштиле. Можеби ние се мачиме и мислиме дека е тешко учењето и дека тоа е досадно, но секоја работа има своја тежина. Јас сум пресреќна што можам да учам, колку и да ми се чини тоа тешко.

Животот е едно искуство каде што се образуваш, работиш, а потоа животниот век ти завршува. Зошто пишував за успехот? Бидејќи успехот е тоа што секаде може да те одведе, дури и во најдалечното место што се наоѓа на светов. Успехот и образованието може да те придвижуваат насекаде, да те придвижува дури и кога стоиш во место. Јас сакам, се надевам и сите вие кои ќе го читате текстов дека сакате да се образувате за да бидете нешто во животот, за сите да ве почитуваат. И не мислете дека се што правите го правите за тоа што вашата мајка или вашиот татко го сакал, туку дека тие сакале вас да ве изнесат на правиот пат по кој тие минувале. Јас сметам дека:

УСПЕХОТ Е ОНА ШТО НЕ ДВИЖИ ДУРИ КОГА СЕ СТОИ, ПА ДУРИ И ДА СМЕ ЗАМИНАЛЕ НАЈДАЛЕКУ ОД НОРМАЛНИОТ СВЕТ.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

+449