[Литература] Теодора Тунеска – VIII одд.

“Мојата смисла на животот!,,

 

Секој ден се повеќе губам надеж дека нема да успеам во тоа што го посакувам,мојот сон,моите желби,посакувања и слично,тоа што секој од нас се справува со голем број на проблеми,некој од нас дури и со сериозно големи проблеми,но секој од нас најдува начин да ја тргне тагата и кога не е возможно. После дождот секогаш доаѓа сонцето-исто така е и во животот после секоја темнина доаѓа светлина,после секое лошо доаѓа добро. Јас сум среќно девојче ги имам мојата мајка,мојот татко и брат, тоа е најголемото богатство што некој би го поскал,но секогаш не е така, во животот има и тага и среќа,понекогаш знаам да бидам безнадежна но од внатрешноста на телото има една сила што ми вели не се откажувај продолши напред со крената глава колку и да си повредена. Трудот и надежта знаат да ме придвижат кога се ќе престане да оди,секогаш кога и да велам немам повеќе надеж и сила да направам нешто во мене има барем малку надеж што ме придвижува а кога и трудот тука ќе го споиме јас имам повеќе сила за се. Денес светот е поразличен многу работи се сменија, постојат сурови луѓе околу нас што сакаат да не турнат кога сме повисоко од нив но јас не дозволувам да бидам една од нив сепак колку и да е невозможно јас ќе бидам силна. Во секој момент од животот имаме причини да бидеме среќни зошто да не ги искористиме,и да му покажеме на тие што сакаат да бидеме несреќни,дека можеме уште да напредуваме. Само широка насмевка,надеж и голем труд се причините кои некои луѓе на пример како мене ги поседуваат кога животот знае да биде суров спрема нив. Сите ние заслужуваме да бидеме среќни,заслужуваме секој ден да ни биде исполнет со здравје и насмевка на лицето,да уживаме во моментот,бидеќи сите ние сме тука да бидеме среќни,сплотени заедно. Без оклед на се треба да имаме надеж. Како би ја објаснила надежта?-Како апстракција,сила што ме придвижува во безизлезни моменти. Сите ние имаме спомени,спомемите се запаметени најчесто како добри,само спомените ќе останат не заборавени,таму внатре во срцето. Кога не се чуствувам добро се присетувам на убавите спомени од животот,поминати со насмевка,среќа,љубов… Затоа без разлика на се секогаш треба да не се заборават убавите моменти и спомени од животот. Ако не одите по тоа што го сакате нема никогаш да го имате-така е кажано бидејќи тоа е вистината во овај живот во кој ние живееме. Осаменоста нè учи како да живееме со други луѓе. Лутината нè учи колку е важен мирот. Досадата ја укажува важноста на упорноста и авантуристичкиот дух. Тишината нe учи да бираме зборови правилно. Уморни сме да ја укажуваме вредноста на радоста. Болеста доаѓа да нè научи колку здравјето е потребно. Огнот нè учи за вредноста на водата. Земјата нè учи за вредностите на воздухот. Надежта нè учи како да се подобриме во моментите што доаѓаат. Кога сакате нешто упорни сте и имате голема надеж, целиот универзум се движи да ви помогне да успете. Во надежта има светлина и покрај цела темнина. Сите сонуваме за нешто па и јас,велиме дека е невозможно,но и невозможното станува возможно на некој начин,тоа само не доаѓа, туку тоа ние го повикуваме или пака го притвижуваме со нашата надеж и упорност,надежта е последната што исчезнува. Стотици денови поминати во надеж,верба дека оваа ситуација во која што сме сите ние денес ќе помине,се ќе биде во ред,јас се присетувам на моментите кога можевме слободно да живееме,без заштитни маски,без грижа на совест,толку многу се повлеков во себе,што само надежта и смомените останаа со мене,немам повеќе зборови како да го опишам сето ова,би ставила акцент на надевајњето за подобар ден,подалеку од ова време не време. Сакам сите ние да бидеме пак среќни,да оживее во нас среќата,љубовта и мирот но пред се здравјето,едноставно да биде се како порано. Изборот мој и од секој човек е одраз на надежите,што ги имаме секојдневно и во добро и во лошо. Јас ако немав надеж не ќе можев да направам нови чекори во животот,ако новиот чекор е нов почеток тогаш и почетокот е ново очекување и нова надеж. Јас би рекла само стрпи се и надевај се другото само по себе ќе си дојде.Неможам да се сватам самата себе понекогаш сум многу трудољубива,а понекогаш од се уморувам и мојата трудолљубивост исчезува,но јас не се откажувам и продлжувам понатаму. Тоа е необјасливо чувство поврзано помеѓу моите размислувања и потреби,понекогаш потребно е да оставам некои работи да ги реши времето,бидејќи во некои случаеви тоа е најдобриот избор,и покрај надежта и времето решава проблеми. Не е се како што изгледа понекогаш е сосема спротивно од очекуваното,во многу ретки случаеви тоа се поклопува,можеби и јас не сум како што некој си замислил,можеби иам добра душа или пак сум многу лоша. Исто така и тишината знае да биде моја добра страна,колку и да сум навредена или пак лута ја бирам тишината,бидејќи тогаш најдобро размислувам за грешката што сум ја направила или грешката што ми ја направиле. Па така успехот е да го добиеш она што го посакувам или копнеам по него. Сонот што го имам не е настанат од магија,туку напротив тој е настанат од мојата упорност и решителност,колку грешки и да направам јас учам он нив бидејќи секоја моја грешка е секоја нова можност за мое надополнување и надоградување,успехот не е случајност,бидејќи секогаш има место на врвот. Колку и да е тешко секогаш има место на врвот. Ако сакам нешто да направам имам надеж и воља,секогаш имам начин како да го сторам тоа што го посакувам,додека пак доколку не преземам нешто што ќе биде од корист за мене и мојата иднина,би згрешила. Јас сакам да го кажам моето мислење и мојот став иако може да биде безкорисно или неточно. Понекогаш немам идеја како да продолжам понатаму затоа што за секоја навреда,неправда и слично мене ме снемува се навредувам и се сокривам некаде во внатрешноста од тагата,но кога поубаво ќе размислам и ќе си речам сама во себе дека јас не сум некоја што од се бега и се плаши,собирам храброст,сила и надеж и продолжувам да се борам и да бидам јас.Ние сите сакаме да бидеме во центарот на вниманието,исто така и јас,но не треба да правиме разни глупости,да не ги навредиме друите,да не се преправаме,туку едноставно да бидиме ние што сме,скромни,убави,да имаме смисла на животот,храбри и додродушни. Секогаш скромните луѓе добиваат повеќе. Што да се случи добро или лошо,само издиши,смири се и ќе биде подобро. Колку и да ми е тешко само моето срце го разбира тоа,но пред другите јас сум личност која блеска. Тагата е нешто кое не поминува,таа останува во срцето,но нејзините рани се лечат полека,затоа треба да бидеме храбри и да имаме надеж,можеби побрзо нејзините рани ќе се излечат. Тешко е да се разберат луѓето кои пишуваат бидејќи нивните емоции се скриени низ зборовите и речениците од разказите,тие преку пишувањето стануваат храбри луѓе.

Животот не е лесен,не е тажна песна што ќе помине,бидејќи ние секој ден учиме нешто ново,ни се случуваат добри и лоши работи но никогаш не губиме храброст,сила и надеж,тоа е смислата на животот колку страници и да вртиш,кога пишуваш со ист ракопис ти пак си на истата сите се исти сами по себе. Затоа сите луѓе да го живеат животот на свој начин,бидејќи тој е прекраток,додека да се свртиш тој веќе си заминал. Надевајте се за подобро утре….

 

 

 

 

 

 

+30