[Литература] Теа Ристоска – VII одд.
Што ме движи кога сè стои
Кога темната тишина ќе дојде до мојот прозорец,
ќе се сетам дека на плоден писател сум потомец.
Ќе напишам творба со зборови кои се везат од моето срце,
и дете со мене трудиљубиво букви ќе сврзе.
Кога светот бесчујно полека ќе застане,
од мене бела птица ќе настане.
Ќе летам бескрајно и слободно насекаде,
ќе ги рецитирам творбите на предците, далеку некаде.
Кога Сонцето ќе престане да ја грее распространетата Земја,
во црната темнина ќе ја барам заробената светлина.
Ќе се движам бескрајно кон белите испишани страници,
со книгата ќе ги поминам сите граници.
Кога сè тивко застанува,
мене реченицата ме забавува.
Црно-белата книга исполнета со пишан збор,
верен водач и најдобар пријател е мој.
+104