[Литература] Маја Неделковска – IX одд.

  Што ме движи кога се стои? 

 

Се раѓаме, зачекоруваме, се образуваме, се опкружуваме со разни луѓе, поминуваме патишта, километри, одиме, талкаме, љубиме, плачеме, искусуваме, се бориме, опстануваме. Низ годините поминуваме многу повеќе од што мислиме, чувствуваме посилно од што знаеме и умееме и издржуваме повеќе од што можеме. Стискаме палци, стегнуваме заби и се бориме, притискаме со цел свој напор да стигнеме до нашата замислена точка. Чувствуваме, се заљубуваме, даваме дел од нас на друг, основаме свое гнездо, го размножуваме, го издржуваме и се гордееме. Стануваме наутро, започнуваме нов ден секое утро, нова надеж, работиме, успеваме и достигнуваме до точката, но повторно не застануваме, ние никогаш не застануваме. Се запрашуваме ли што кога ќе се измориме, што кога не чувствуваме ништо, што кога сме изгубени, што кога се се распаѓа, што кога се стои? 

Секогаш започнувајте од себе си, започнете да се сакате себе си, направете се среќен себе си, исполнете си ги ветувањата спрема себе си, работете за себе си. Затоа што кога започнувате и тргнувате од себе си никогаш не сте сам повеќе, се учите и подготвувате не само за добрите, но и за лошите моменти. Животот е премногу суров за да не сметаме на себе си. Не се раѓаме под среќна ѕвезда, мораме сами да се избориме. Меѓутоа во таа борба, во таа битка понекогаш сме сами. Немаме никој, нема кој да ни подаде рака за да станеме, нема кој да не задржи кога паѓаме, немаме никој кога се стои. Самите ние сме. Кога доаѓаат мрачни времиња, кога темнината не совладува, кога сме заробени  бараме и најмала точка светлина, надеж, емоција, всушност бараме излез. И не не е битно колку време стоиме на тоа исто место, не е битно колку време сме во таа темнина, битно е да се зачуваме себе си и она што го сакаме. Животот никогаш не е фер и не не предупредува за изненадните ситуации, не праќа писмо со голем извичник. Едноставно се случува и кога ден пред тоа, час, минута пред да бидиме најсреќни. Замислете се движите, успевате, мислите дека го имате светот на дланка, како да владеете со него и одеднаш ве удираат силно и застанувате. Всушност се застанува околу вас, ништо не е исто повеќе. Ситуација, личност, лош момент, погрешно место. Но ништо не е битно повеќе од тоа кога веќе стоите, кога чувствувате како да пропаѓате. Она што е битно понатаму е како да излезиме, како да зачекориме пак, како да дигниме глава, како да подадеме рака на некого, ја имаме ли истата храброст, истата сила како претходно, што е она што ќе не раздвижи повторно. И не изгледа лош ден за другите, не е лоша недела за вашите роднини, не е лош месец за светот, не изгледаме лошо за другите. И тие се тие моменти кога сфаќаш дека потребен си на самиот себе си, тие се тие моменти кои оставаат трајна лузна, моменти кои те застануваат, но те изоструваат. Моментот кој те сопрел во животот се случил со причина, со цел, со поука. Она што те тера тогаш е да побараш нешто што ќе те движи и кога стоиш, не само кога успеваш и одиш без препрека. И кога тоа нешто е личност задржи ја, сакај ја, заштити ја, кога тоа нешто е ситуација вреднувај ја, запамети ја, кога тоа нешто си самиот себе си, тогаш едноставно си успеал, си научил како да не се туркаш. Пушти и научи како треба да се движиш самиот себе си без никого. Тешките моменти се само дел од нас. И не е стварта да останеш верен на себе, на семејството, на саканите само во добрите ситуации, човекот се гледа и кога е најлошо. Колку и да е тешко, не се откажувај, главата горе и движи се. Ова е важна лекција кога имаш лош ден, полош месец или не е година кога имаш големи успеси. Вистината е дека најтешките моменти не учат на најважните лекции. Твоето минато никогаш не било грешка ако си научил многу работи од него. Затоа земи ги сите искуства и стави ги во една голема ‘’кутија’’ и наречи ја ,,Благодарам’’. Затоа е важно да се засакаме себе си прво, да започнеме од себе си и да бидеме самите ние кои ќе се движиме и кога стоиме. И кога ќе дојдат тие најтешки моменти во животот остави да те променат, да те зајакнат како личност, ќе те направат попаметно битие. Плачи, вришти на цел глас, но потоа продолжи и биди самиот ти што те движи. Секогаш биди најдоброто од себе си. Биди љубезен и кога си изморен, биди разбирлив дури и кога си лут. Направи повеќе од што се бара од тебе и не барај ништо за возврат. Сакај ги луѓето и почитувај ги. Излези од својата комфорт зона и помогни на некого. Биди најдобрата верзија од себе си и кога е лошо. Нешто што никогаш не треба да правиш? Никогаш не дозволувај да бидиш опкружен со луѓе кои што се демотиватори, кои што се песимистични, не се објаснувај на такви луѓе, никогаш не ја докажувај својата добрина на луѓе кои те влечат надолу, меѓу тоа на луѓе кои што би те движеле. Има работи кои што едноставно мора да се случат, како што е губење, падови, среќа и друго, но кога доаѓа до најдолното, најтешкото секогаш е до себе си и до луѓето, кои ги запознаваш и кои не ги запознаваш, кои те запамтуваат и не, кои те туркаат нагоре или надолу, кои те задржуваат и те пуштаат, кои те држат на исто место и кои те движат кога се стои. Затоа се битни луѓето, начинот на кој те гледаат во очи кога заминуваат и насмевката кога се враќаат дома. Секогаш е до луѓето, до оние кои што те сакаат, оние кои што те заштитуваат и оние кога се тука кога ти се најпотребни. До луѓето и до себе си, се надевам никогаш нема да го заборавите тоа. Кога не движите, кога стоите на едно место, можеби тоа е  пат, патување кога не е време да љубите, да запознавате, туку патување кога треба да бидите сами. Можеби е сезона кога си предизвикан да научиш да стануваш на средината од креветот, да најдиш надеж во празнината, слободата, мирот, кога се растегнуваш во животот и си даваш ветување и простор за себе си. Можеби моментално си покажуваш  дека можеш да се грижиш за себе си, да сметаш на личноста која постануваш и дека можеш да бидеш свој дом без разлика што има на твоето патување. И можеби ќе ти одземи време тоа патување, време кое што ќе го цениш. Време кое што ќе ти покаже дека не се во животот е убава приказна. Не секоја личност што ќе ја запознаеме и почувствуваме длабоко во себе љубов е истата која што е подготвена да има дом со нас. Понекогаш луѓето идат да не научат како да сакаме и како да не сакаме. И во ред е, ќе не напуштат, но нивните лекции остануваат. Она што е најважно е да сметаме на себе си и да не се напуштаме.  

Земи длабок здив и прочитај бавно: замисли дека твојот ум е градина, а твоите мисли се семиња. Ти одбираш какви семиња ќе засадиш во таа градина. Можеш да засадиш семе од позитивност, љубов, надеж, изобилство. Или можеш да засадиш семе од негативност, страв, откажување. Ти одбираш. Исто така можеш да потрошиш време помагајќи му на друг со неговата градина. Или можеш да работиш на својата градина да ја направиш убава и да привлекуваш други убави градини. Внимавајте на себе си бидете се сопствена надеж, позитива во мрачен ден, свој чекор кон стравот, своја рака, бидете си свои нозе кога стоите да можете да се движите. Најреална ситуација која што не научи на темнината и на далечината, и на растојанието и на застанување на цел свет е Ковид-19. Затоа луѓе бидете си свои, бидете си себе си за себе си. Бидете самите вие кои што се движите, а потоа земете со и покрај вас личност која што ќе ве движи и кога се стои. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

+108